Филипче на реклама за метод за намалување на крвниот притисок


Доколку посетите некои од регионалните портали, интернетот ви нуди реклами, кои соодветствуваат на подрачјето од кои ги посетувате, па ви нуди реклами кои смета дека се соодветни за вас.

Така, деновиве кога ќе се отворат регионални медиуми, се појавува реклама за метод  за намалување на крвниот притисок, со фотографија од опоранешниот министер за здравство докторот Венко Филипче, а текстот сугерира дека методот е смислен токму од неврохирургот Филипче.

Пред некое време, за ваква злоупотреба реагираше и докторот Никола Пановски, кој беше многу актуелен во време на корона кризата, а во моментот е и актуелен советник во Град Скопје.   

Тој апелираше и до медиумите ид о институциите да се најде начин да се тргне неговото име од рекламата за чај против паразити. 

„Минаа 5 дена од кога реагирав овде со пост, на вести на Телма, Сител, откога пријавив во МВР, а нови реклами излегуваат секој ден. Ве молам помогнете со тоа што ќе ја разоткриеме оваа лага и криминал, сите нека разберат, друг начин не знам. СПОДЕЛЕТЕ!!! Ви благодарам“, наведе Пановски во статус.

Тој уште претходно апелираше до сите институции.