Одбележување на Светскиот ден на дивиот свет во Јуроп хаус Скопје


Евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска во Јуроп хаус Скопје ќе го одбележат Светскиот ден на дивиот свет и 50-годишнината од Конвенцијата на Меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора. Светскиот ден на дивиот свет се одбележува секој 3 март за да ги слави сите […]

Премиерот Ковачевски во посета на објектот на градинката „Пролет”


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе го посети објектот на детската градинка „Пролет” во Општина Центар, која е во фаза на изградба. При посетата ќе го придружува градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 3 март 2023 година,  62-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 303 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 6 минути, а ќе зајде во 17 часот и 26 минути. Денов трае 11 часа и 19 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина  нема да изгрее ова деноноќие, […]

Пекарите ќе мора да произведуваат леб со замрзната цена, најмалку 80 отсто во однос на декември


  Министерот за економија Крешник Бектеши од аеродромот во Загреб, Хрватска, на пат за Скопје се огласи на својот фејсбук профил и ја објави новата одлука со која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена. Одлуката е со денешен датум и ја има потпишано […]

Интензивно работиме со МОН, за учениците да бидат безбедни и да се одвива наставата


Интензивно работиме со Министерството за образование и наука (МОН) и веќе се направени одредени усогласувања. Ќе почне и комуникацијата меѓу нашите Сектори за внатрешни работи и образовните институции, заради тоа што сите треба заеднички да постапуваме за да дојдеме до решение во кое учениците ќе бидат безбедни и безбедно ќе се одвива наставниот процес, изјави […]

Избрани најдобрите бармени


Барменот Вања Головски ќе ја претставува земјава на Светското првенство на бармени во Рим. Тој победи на 14. Државно првенство на бармени, што во организација на Здружението на бармени на Македонија, се одржа денска во хотелот „Мериот“.  Второто и третото место го освоија Никола Анастасијески и Дејвид Кузманов, а наградата за најдобра техника Никола Ефремов. […]

Зголемени приходи, намалени загуби – за пекарите, 2022 не била лоша година за работа


Пораст на приходите од редовните активности, зголемен профит или намалување на загубите во споредба со претходно. Компаниите од мелничко-пекарската индустрија кои котираат на Македонската берза не можат да се пожалат на лоши резултати во работењето, покажуваат финансиските резултати кои самите тие ги доставиле до берзата. Инаку, токму поголемите производители на леб донесоа одлука да престанат со производството […]

Катастрофален пад на бројот на патници во скопскиот јавен превоз [инфографик]


  На градско-приградските линии од скопскиот јавен превоз лани биле превезени нешто помалку од 28,5 милиони патници, што е за фрапантни 15 милиони патници помалку во споредба со бројот на превезени патници што ЈСП-Скопје го имал пред почетокот на ковид-19 пандемијата. За експертите ова се катастрофални резултати во работењето и бараат час поскоро да се […]

Пазарната инспекција вели генерално се почитува одлуката за цената на лебот, извршила надзори во над 400 фирми


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера и денеска изврши надзори и контроли во над 400 економски субјекти на ниво на цела држава при што утврди дека генерално се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот од 450 гама на 33 денари. -Досега од контролите е утврдено дека цената на лебот во зависност од […]

Скопски Аеродром зафатен од силно невреме попладнево, Лисиче без струја


Попладнево силно невреме проследено со ветер го зафати Скопје, кое особено изразено беше во скопски Аеродром. Покрај грмежите и силното навевање на дождот, повремено паѓаше и град кој ги натера граѓаните на општина Аеродром кои се најдоа на отворено да се скријат под зградите и да чекаат невремето да помине. Во населбата Лисиче, по невремето, […]

Прилепските пекарници не испорачуваат леб, чекаат решение, реагираат производителите на пченица


Втор ден нема испорака на леб во прилепските маркети и продавници и граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат. Прилепските пекарници ситуацијата ја оценуваат како „статус кво“. Леб по 33 денари продаваат само во нивни продавници, за испорака и дистрибуција не им се исплаќа. За производителите на пченица нема оправдување што трпат граѓаните. Александар Ристески, […]

Советот на ЈО ќе објави оглас за избор на обвинители во повеќе ОЈО, но не и за скопското


Советот на јавни обвинители на денешната 75. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на вкупно 31 јавен обвинител во повеќе основни јавни обвинителства низ земјава. На конечната листа на Академијата за судии и јавни обвинители, од седмата генерација, има 28 кандидати за јавни обвинители, кои положиле и ќе можат да се пријавата на […]

Стопанска комора бара одговорност за доцнењето на инфраструктурните проекти


  Стопанската комора на Северна Македонија бара одговорност од Владата за доцнењето и ненавремената реализација на инфраструктурните проекти. Како што беше речено денеска на прес-конференција, за бавната динамика предупредил и Заводот за ревизија. Според Комората, стопанството сака брза и ефикасна реализација, во одреден, дефиниран временски период. Не треба да се одобруваат инвестиции во непродуктивни проекти, […]

„Арс Ламина” донираше 1000 книги за училиштата во Карпош


Издавачката куќа „Арс Ламина” донираше по 100 книги за десетте основни училишта во Општина Карпош. Во рамки на кампањата „Читањето е супермоќ”, која е поддржана и од Филозофскиот факултет во Скопје и здружението за дислексија „Ајнштајн”, денеска во просториите на ООУ ,,Лазо Трповски” се одржа презентација која има за цел да се збогати библиотечниот фонд […]

Од отпад до уметнички дела, започнува конкурсот „Треш фор арт“


Да му се даде нов живот на отпадот и да се пријават уметнички дела на наградниот конкурс „Треш фор арт“ (Trash for Art), повикува организаторот. Конкурсот е отворен и за возрасни и за деца. – Пријавените дела ќе се натпреваруваат во три категории. Градинки, основни училишта, како и поединци и други организации. За секоја од […]

Недостасуваат инспектори за домување во општините


Министерството за транспорт и врски во соработка со Регулаторната комисија за домување работи на измена и дополнување на Законот за домување. Очекувањата се до мај годинава Законот да влезе во владина процедура, а потоа да биде усвоен од страна на Собранието. -Кога се соочивме со проблематиката дека одредени работи во Законот за домување не биле […]

Мазнева: Може да се влоши хигиената во Скопје – Советот не ги изгласа програмите за работа


Непринципиелно и недозволиво е советниците во Советот на Град Скопје својата функција да ја злоупотребуваат за водење дневна политика, реваншизам и создавање хаос во работењето на градот и јавните претпријатија. Блокирањето и неизгласувањето на програмите за работа на „Комунална хигиена“-Скопје на последната седница на Советот на Град Скопје е токму тоа, изјави на денешната прес-конференција […]

Дојава за бомба во ООУ „Лазо Ангеловски“ на втора смена


Уште еден бран дојави за поставени бомби во училиштата во Скопје. ООУ „Лазо Ангеловски“ попладнево на втора смена се евакуира, а учениците чекаат насоки од наставниците дали наставата ќе ја следат онлајн. веројатно и поладнево дојави за бомби има во повече училишта низ Скопје, но од МВР уште не излегле со детали.  Утрово како лажни […]