Обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифоска денеска беа сослушани во Обвинителството


Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска беа сослушани во Обвинителството, а во врска со поведената дисциплинска постапка против нив. -Комисијата денеска одржа седница на која беа сослушани трите јавни обвинителки, кои да дадоа свои искази и се изведоа сите докази во постапката. Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба […]

Маја Манолева ќе биде новиот заменик министер за здравство


Во просториите на Министерството за здравство денеска Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство, информираше Министерството за здравство на својата веб страна. – Д-р Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство од д-р Владимир Рендевски, кој ѝ посака успешна работа на д-р Манолева и продолжување на реформите во здравствениот систем, се вели во […]

МВР и МОН усогласија мерки и упатства за јакнење на безбедноста на училиштата и непречено одвивање на наставата


Министерството за внатреши работи и Бирото за јавна безбедност денеска во Владата на координативен состанок го презентираа новото упатство за постапките и мерките што ги презема МВР по добиена информација, сознание или дојава за терористички загрозувања и по основ на упатството разработен е план за мерки и активности за спроведување. Дополнително, се работи и на […]

Болницата во Струмица ќе добие нов 4Д ултразвучен систем, донација од јапонската амбасада


Одделот за гинекологија во општата болница во Струмица ќе добие нов 4Д ултразвучен систем вреден 51.462 евра, како подарок од јапонската амбасада. Денеска амбасадорот Оцука Казуја потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ за да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. „Церемонијата за потпишување на проектот беше отворена од […]

Учениците и студентите ќе ги добијат средствата по основ на стипендии и субвенциониран студентски оброк


Министерството за образование и наука информира дека до средината на март сите корисници на ученички и студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк ќе ги добијат средствата кои им следуваат заклучно со овој месец. Како што соопштија денеска од МОН, постојните корисници на ученички и студентски стипендии, кои ова право го оствариле во некоја од претходните […]

Свечено отворено Американско катче во Струга


Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер и градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска ги отворија просториите на Американското катче, сместени во новата општинска зграда. -Формирањето на Американското катче во Струга и неуморната работа низ сите овие години влијаеше и понатаму влијае позитивно врз младите стружани. Тие секојдневно имаат можност да стекнат искуство или […]

Улицата „Козара“ ќе се асфалтира и по третпат


Градежните активности ќе продолжат и во следниот период, па така улицата „Козара“ во Капиштец ќе се асфалтира и по третпат. Досега имаше два неуспешни обиди за поставување на асфалт, па така реконструкцијата се очекува да заврши до крајот на март. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски кажа дека фирмата е избрана на јавен повик уште […]

Мицкоски: Граѓаните треба да добијат леб по најниска можна цена


 Граѓаните треба да го добијат лебот, кој е основен прехранбен производ, по најниска цена што треба да ја има, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање отворањето на спортската сала во населено место Стајковци во Општина Гази Баба, Мицкоски рече дека „лошите политики на Владата довеле до празни рафтови за леб“. – […]

„Учебници и настава мора да има” повикува да се реши безбедносната состојба во училиштата


Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има” испратила барање до Министерството за образование и наука да ја реши безбедносната состојба во училиштата, како што информира, „со временска рамка од 15 дена“. – Ние, родителите, веќе три години се бориме со образовните проблеми и денес повторно се спротивставуваме на насоката од МОН доколку има дојави […]

Ковачевски: Со МВР и МОН ќе разговараме за дополнителни мерки за справување со дојавите за бомби


Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека денеска ќе има средба со министрите за внатрешни работи и за образование и наука за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните дојави за поставени бомби во училиштата и рече дека се уште не сме ја загубиле оваа кибер-војна. -Ние како систем не сме ја загубиле оваа сајбер-војна […]

Викендов облачно со повремени врнежи од дожд


Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни со над 20 литри на квадратен метар и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 […]

Ред се редат битолчани за бел леб од 33 денари


  БИТОЛА – Битолчани стојат во редици за бел леб со цена под 33 денари. Во центарот на градот среде сообраќај се чека во редици, стрпливо, само да се дојде до векна бел леб по пристапна цена. Редиците се за бел леб од прилепска пекара, велат граѓаните и коментираат дека прилепчани ја спасуваат Битола, додека […]

Парс: Да се унапреди македонистиката на најеминентниот факултет за јазици во Турција


Отворањето нова Катедра за македонски јазик и литература и нов Лекторат по македонски јазик на Анкарскиот универзитет во Турција во текот на минатата година е многу значајна работа. Со ова уште повеќе ќе се зближат двете земји и двата пријателски народна. Во Турција и поконкретно во Анкара има голем интерес за македонистиката.  Ова меѓу другото го истакнува раководителката на […]

„За сите посебни дами во вашиот живот“ – Осмомартовски базар во Скопје сити мол


Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 4-ти до 8-ми март, Скопје Сити Мол организира голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“. Билјана Тодороска – BRILLO, Јulie Decoupage, Esoapery, ЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joy, Filigree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral Jewelry, Morpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUET, Блумен и Арт […]

Пекарите ќе го соопштат ставот по одлуката дека се обврзани да произведуваат и испорачуваат леб


Во текот на денов се очекува да биде соопштен ставот на пекарите по синоќешната Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб се обвзуваат да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната […]

Одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово


Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион вчера, а продолжија и денеска, утрово има нови одрони на регионалниот патен правец Делчево – Пехчево – Берово. Одрони во моментот се забележливи кај делницата во село Тработивиште, како и на други места долж овој патен правец. Од подружницата на ЈП ,,Македонија пат” во Делчево […]

Прокисна покривот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје


Прокисна покривот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. На социјалните мрежи беше објавено видео од „Студентска револуција“ на кое се гледа дека поради дождовите вчера прокисна покривот на факултетот.

Прекинато водоснабдување во МНР и околни објекти поради дефект


Прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на МНР, А1 и објектот во кој е сместена Финансиска полиција. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8.30 часот поради уличен дефект Ф-150 мм на ул. „Филип Втори“ бб (пред МНР). Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот.

По дојавите за бомби во училиштата, од денеска нови насоки за безбедноста на учениците и наставата


И во текот на вчерашниот ден повеќе средни и основни училишта во Скопје добија дојави за бомби, за кои МВР подоцна соопшти дека по извршените проверки сите биле лажни. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека очекува Владата во најбрз можен рок да ги дискутира новите проблеми кои произлегоа од дојавите за бомби. […]