Отворање на изложбата „Кои сме ние“ посветена на Ромите


Во „Ист Гејт“ денеска ќе се одржи отворање на изложбата „Кои сме ние“, што ќе биде отворена за јавноста до 7 мај.

На оваа изложба, прва од овој карактер, ќе биде презентирана кратка историја на Ромите, нивниот број низ државите во светот, најважни датуми за Ромите, кои се одбележуваат секоја година, како и кои светски познати личности имаат ромско потекло.

Покрај ова, на изложбата ќе бидат наведени факти за денот 8 април, културата, јазикот, традицијата и мини ромски речник со зборови и нивен превод.