Димовски за РСЕ: Дојавувачите на бомби се охрабрени, оти не можеме да ги откриеме


    Дојавувачите стануваат веќе и дрски, оти не можеме да ги откриеме, па така имавме дојава за бомба и во претседателската резиденција, која е навистина обезбедувана. Тие едноставно сакаат ширење на тие гласини, а тие гласини веќе длабоко продираат во нашата свест, вели професор Злате Димовски, од Факултетот за безбедност во интервју за Радио […]

Легализирани 296.810  дивоградби, безбедноста да се гарантира со архитектонски проект


  Во државава досега се легализирани 296.810 нелегално изградени објекти. За нив се издадени решенија со документација којашто опфаќаше барање до општината, изработка на геодетски елаборат и потврда од платени комунални сметки. Во собраниска процедура веќе долго време е нов закон за легализација, а по неодамнешните разорни земјотреси во Турција и Сирија, експертите од областа […]

Почина бебето болно од туберкулоза


  Почина деветмесечното бебе кое  беше хоспитализирано на Детската клиника во Скопје во тешка здравствена состојба. Бебето беше сомнително на туберкулоза и неухрането, односно тежело само 3 килограми, што е несоодветно за возраста. Дететото на Детската клиника во Скопје беше донесено на 24 февруари во тешка состојба и беше итно префрлено од болницата Козле“. Како итен […]

Талент за тенис и математика десетгодишниот Василиј Закоски, добитник на признание за Денот на Општина Тетово


   Голем талент за повеќе сфери, особено за математика и тенис, голем број награди, медали, дипломи и признанија во овие две различни области, петтоодделенецот Василиј Закоски од Тетово е еден од добитниците на признание по поводот Денот на Општина Тетово 3 март, кој како поединец придонел во афирмација на градот.  Во моментот Василиј иако има […]

Триван: Дигитализацијата ги прави поранливи општествата


  Дигитализацијата, со сите нејзини предности, секако го прави општеството многу поранливо. Се забележуваат различни примери и на глобално ниво и на ниво на Европа, но и на Балканот, хакерски напади, како и целосни блокади. Токму со дигитализацијата, транспарентноста и сите тие пристапи, одредени субјекти кои сакаат да ја нарушат безбедноста, можат многу лесно тоа […]

Митрополитите г. Тимотеј и г. Наум во Фанар за пречекот на Кипарскиот Архиепископ


Митрополитите Тимотеј и Наум во Фанар за пречекот на Кипарскиот архиепископ Митрополитите Дебарско-кичевски Тимотеј и Струмички Наум, вчера во Фанар присуствувале на приемот на новиот Кипарски aрхиепископ Георгиј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј. Како што е објавено на веб страницата на Бигорскиот манастир, за време на приемот биле разменети пригодни слова од страна на владиците Тимотеј […]

МВР ќе се поднови со нови климатизирани „марици“


Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе набави 20 интервентни комбиња, популарно познати како „марици“. Официјалните податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки покажуваат дека МВР ќе купи 20 комбиња од марката „Рено“ кои ќе ги користи за присилно приведување на проблематични осомничени лица или хулигани кои го кршат јавниот ред и мир и пружаат […]

„Ќе преживеат ли жените овде?“ – в среда Марш за женските права


Платформата за родова еднаквост повика на Марш за женските права што ќе се одржи во среда, на 8 март, Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. Маршот ќе започне во 18 часот на плоштадот Филип Втори, а ќе се маршира под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“. Овој марш, велат од Платформата, […]

„Замрзнатиот“ леб на рафтовите повеќе го нема отколку што го има


  Денешната проверка во повеќе големи супермаркети покжа дека инспекторите ќе имаат полни раце работа да пропверат дали пекарниците навистина се придржуваат кон одлуката на Владата, што ја прифатија, 80 отсто од нивното производствода биде од бел и полубел леб. И тој да се продава за 33 денари. Во повеќето случаи, како што проверивме, белиот […]

Затворено градилиште позади Универзална сала


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван од општински градежен инспектор и припадници на полицијата, вчеравечер излегоа на терен и затворија градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала, информираат од Општина Центар. -Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на […]

Андоновски најави кривична против Арсовска ако им исплати и камата на приватните превозници


Доколку градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, освен долгот им исплати и камати на приватните превозници, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ќе поднесе кривична пријава против неа и против директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.   Ова вечерва го изјави советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата „10 […]

Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе


Утрово најстудено е на Попова Шапка и во Лазарополе каде се измерени -2 степени. Нула степени се измерени во Берово, Маврови Анови и Крушево, 2 во Претор, 3 во Крива Паланка, 4 во Охрид и Прилеп, 5 во Тетово, Битола, Струмица и Виница, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип и Дојран, 7 во Демир Капија, […]

Град Скопје најави целосна реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“


 Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска најави целосна реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“ која е под надлежност на Град Скопје, важен проект ветен во програмата „За модерно Скопје“, кој ќе го изведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје. Како што информираат денеска од Град Скопје, со целосната реконструкција се овозможува зголемена сигурност и безбедност […]

Сообраќајот по наместа влажни коловози, снег на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка кој во моментов не се задржува на коловозот, информираат утрово од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, […]

Место да ги добијат трите неисплатени плати, кавадаречки текстилни работнички треба да платат 20.000 евра


Седумдесетина конфекциски работници денеска протестираа пред судот во Кавадарци, незадоволни од судска пресуда. Во изјава за медиумите, тие рекоа дека биле вработени на неопределено време во текстилна фабрика до 23 февруари  2020 година, а фирмата им должела по три неисплатени минимални плати,  придонеси од плата и други стасани парични побарувања од плата, во вкупен износ […]

МЗ: Дистрибуирани нови количини инсулин, пациентите се соодветно покриени


Во текот на денешниот ден во инсулинските аптеки се дистрибуирани нови количини инсулин, а во финална фаза е јавната набавка за дополнително обезбедување инсулин, информираат од Министерството за здравство.   Оттаму посочија дека пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени. Инсулинот почнува да се дистриубиура по сите поликлиники, а во понеделник ќе стигне и во […]

Во ЗОО одбележан Меѓународниот ден на дивиот свет


Денеска во ЗОО Скопје беше одбележан Меѓународниот ден на дивиот свет . На овој важен ден за зачувување на дивата флора и фауна и покревање на свеста во нашиот едукативен центар се одржа едукативно предавање со херпатологот Драган Арсовски од М.Е.Д на тема загрозени видови и како да помогнеме за зачувување на дивиот двет. Наши […]

Детските права во фокусот на средбата на градоначалникот Ѓорѓиевски со Ди Џовани од УНИЦЕФ


Детските права во фокусот на средбата на градоначалникот Ѓорѓиевски со претставникот од УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани Децата и детските права беа во фокусот на разговорот кој денес го водеа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставникот од УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани. На оваа плодна средба, беа договорени повеќе заеднички проекти кои ќе овозможат остварување на полниот потенцијал […]

Тренчевска: Мартовската пензија ќе пристигне со зголемување од 8,4 отсто


Како дел од кампањата „Силна и храбра“ на Министерството за труд и социјална политика, која во фокус ги има благосостојбата, менталното здравје и економско зајакнување и благосостојба на жените, денеска се оддржа работилница со пензионерки во Битола насловена „Активно стареење – лозинка за соочување на менталното и физичкото здравје“. Како што информираат од МТСП, работилницата […]