Метеж на границата со Грција – сите на продолжен празничен викенд


Граничниот премин „Богородица“ изутринава е преплавен со автомобили кои чекаат за излез од Македонија кон Грција. Продолжениот викенд поради велигденските празници, голем дел граѓани ќе го поминат надвор границите на државата. Времето на чекање за да се помине граница е и по повеќе од еден час, јавува „Макфакс“.

Граничарите ги пропуштаат граѓаните во пет колони. Поминувањето оди бавно, а редицата на моменти е километарска.

Според АМСМ, ова е единствениот граничен премин каде е забележана гужва од утринава. На Табановце, Пелинце, Дојран, Меџитлија, Дебе Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Блаце – времето на чекање е минимално.