УХМР: Годинашниот февруари топол и екстремно сув месец


Годинашниот февруари е просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава.  -Месечната температура се движеше од -0,2 степени во Берово до 6,6 степени во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната  беше 0,2 степени  над просечната […]

Дескоска не е сигурна дека Уставниот суд ја укинал апанажата, вели „многу врева за ништо“


   Укината апанажа или „многу врева за ништо“?! Не сакам да бидам „расипувач на забави“, но сметам дека треба да си го поставиме прашањето дали ефектот на вчерашната одлука на Уставниот суд ќе биде укинување на апанажата во случаи на разрешување и оставка, напиша на Фејсбук професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, […]

Премиерот додели благодарници на тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб 


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Владата, се сретна со дел од тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб во ноември 2022 година.    За овој историски подвиг во македонското здравство, премиерот им додели благодарница на сите кои учествуваа во овој сложен зафат. На овој свечен настан присуствувше […]

Околу 300 таксисти не можат да работат поради бирократски проблеми со жолтите таблички


Околу 200 такси возила и повеќе од 300 такси возачи во главниот град не можат да работат поради бирократски проблеми со жолтите таблички кои тие мораат да го постават во своите возила. Таксистите велат дека не можат да добијат лиценца без жолти таблички, но и дека без лиценца не можат да ги добијат таквите таблички. […]

Јапонија останува посветена на поддршката на социо-екомскиот развој на Македонија, што е клучно за интегрирањето во ЕУ


Во овие тешки времиња, кога светот се соочува со голем предизвик за меѓународниот мир и поредок, Јапонија и Северна Македонија се залагаат и придонесуваат за промоција на основните заеднички вредности, како што се слободата, демократијата, човековите права и владеењето на правото, силно осудувајќи ги сите нехумани и сурови дејствија на војната. Ние ја поддржуваме Украина […]

Лажни се пријавите за бомби во 30 училишта во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни […]

Следува период на облачно време со повремени врнежи од дожд


 Во следниот период ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во сабота. Во недела попладне и во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.  Како што информираат од УХМР, утре минималната температура ќе се движи во интервал од […]

Информатички вештак на „Софтвери“: Доказите „се многу чудни“


На предлог на одбраната, во Основниот кривичен суд Скопје во врска со случајот „Софтвери“ беше испитуван сведокот Мирослав Котевски, технички советник, вешто лице од областа на информатички технологии. Котевски претстави повеќе меѓународни документи според кои се врши дигитална форензика и зборуваше за методата на дигитални докази. Анализираше повеќе документи и нивните домеини. Според него, доказите […]

Државава ќе аплицира за изградба на регионален истражувачки центар за туморска терапија


 Северна Македонија ќе аплицира за изградба на истражувачки центар за туморска терапија и  биомедицински истражувања засновани на акцелератори на јонски зраци.  Во Скопје денеска се одржува состанок на Управниот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST) на кој се дискутира за добивање на овој капитален проект од областа на здравствената наука […]

ЗЕЛС ги повикува МВР и МОН да се реши проблемот со дојавите за бомби во училиштата


  ЗЕЛС апелира и го повикува МВР да преземе сериозни чекори за пронаоѓање на испраќачите на маил пораки за поставени бомби низ училиштата во Скопје и другите градови. Родителите повеќе не се должни и не можат да го издржат овој притисок кој секако е плод на неодговорно однесување на некои субјекти, но и е плод […]

Дебелината станува епидемија, и Македонија доби центар за нејзино лекување


  Во ГОБ „8 Септември“ денеска  беше отворен првиот Центар за менаџирање на дебелината (медицински обезноста) во рамките на државава. Во центарот че работат лекари од различна специјалност и  ќе се спроведува едукација на пациентите, регулирање на исхраната, за тие што имаат потреба  ќе се планира фармаколошката терапија, а за екстремно дебелите пациенти ќе се […]

Одлуката на пекарите е меч со две острици за нив


  Ретко која ситуација во македонското општество предизвика толку многу силни реакции во јавноста како настаните поврзани со лебот и неговата цена. Економистите ги спротиставија аргументите кои во голем број од аспектите се дијаметрално различни.  Дел од нив сметаат дека одлуката на Владата е оправдана но задоцнета, а други мислат дека таа е ад хок […]

Само разговори и препораки од МОН, никакви конкретни мерки


  Државната матура ќе се одржи, учениците по дојава за бомба ќе продолжат со наставата онлајн се единствените заклучоци на министерот за образование Јетон Шекири, само еден ден откако вчера 120 училишта беа под безбедносна закана. – Сите знаете дека во овие случувања имаме два сегмента, безбедносниот и наставата. Секоја одлука што доаѓа од безбедносен […]

Измачуван коњ на скопските улици: Го влечат со автомобил


Коњ, за кој не се знае дали бил користен како превозно средство, бил влечен утрово по скопските улици со автомобил. Ваква страшна глетка начекале скопјани. Три лица биле во автомобилот со кој бил влечел коњот, кои во момент излегле од возилото кога коњот паднал. Случајот предизвика лавина реакции во јавноста и загриженост меѓу граѓаните. Не […]

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, протест пред судот


Во Основниот суд во Тетово денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 кога 14 луѓе ги изгубија животите. На 16 февруари беше последното рочиште кога сведочеа две медицински сестри, родители на починато лице кое било хоспитализирано, двајца роднини на луѓе кои […]

Уште нестигнати на училиште, дознале за дојава за бомба


Дојави за бомби и утроово почнаа да ги пречекуваат учениците, уште пред да седнат во училишните клупи. Како што јавуваат родители, нивните деца кои што патувале кон скопската гимназија Јосип Броз Тито, во автобус дознале за дојава на бомба. Дојави за бомби има и за други училишта. Учениците, сепак, во комуникација меѓу себе се договориле […]

Државно првенство на бармени по 14. пат во Скопје


 Здружението на бармени на Македонија по 14. пат го организира Државното првенство на бармени. Денешниот натпревар ќе се одржи во скопскиот хотел „Мериот“. – Квалификациите започнуваат во 11.30 часот. Главниот настан – полуфинале и финалето се од 14.30 до 17 часот. Победникот ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени во Рим, Италија оваа […]

Тркалезна маса за Законот за домување и улогата на локалната самоуправа


 Во организација на Регулаторната комисија за домување и Стопанската комора денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Закон за домување, негова примена и надзор, улогата на локалната самоуправа и измени и дополнувања на Законот за домување”. На тркалезната маса ќе говорат и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, претседателот на Регулаторна комисија за […]

Лажни пријавите за поставени експлозивни направи во 120 скопски училишта


По сите направени проверки во врска со денешните пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје е утврдено дека станува збор за лажни дојави, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и […]

Изгоре куќа по удар на гром во охридско Ливоишта


  Куќа изгоре во пожар што вечерва избувна во охридското село Ливоишта. На лице место интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и екипи на Доброволното противпожарно друштво од Дебрца, кои успеаја да го изгаснат пожарот, но објектот е речиси целосно уништен. Според очевидци од селото, причината за пожарот е удар на гром.