За што служи надвиснатиот кран над Сопиште?


Фото: Б. Грданоски

Огромен градежен кран може да се забележи на сртот на Водно, над Сопиште, ако се гледа од Аеродром. 

Од Општина Сопиште веќе десетина дена не одговараат зошто служи оваа градежна машина. Дали таа е останата од некој претходен проект, на пример од изградбата на Сончев Град или се гради нешто ново. 

Ако се знае дека тоа е заштитено подрачје мора да се запрашате за што служи тој кран таму. 

Кран над Сопиште (Фото: Б. Грданоски)

Заштитниот појас е површина во заштитеното подрачје која има улога да ги заштити зоната за строга заштита, зоната за активно управување и зоната за одржливо користење од заканите што потекнуваат надвор од заштитеното подрачје.

За заштитниот појас а Водно, се вели дека дел од него, минува јужно од Крстовар по Ридско Рамниште во правец на Сопиште, односно, третиот внатрешeн заштитен појас се воспоставува кај Сопиште, односно месноста Турски Камен.

Со Заштитениот предел – Водно управува Град Скопје.