Паркот „Македонија“ доби нови реквизити


Денеска во паркот „Македонија“, на булевар „Теодосиј Гологанов“, поставени се три нови парковски реквизити за седење.

Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Зухејр Реџепи, заедно со претставници од претпријатието направи увид на местото и ја поздрави работата на теренските екипи.

-Со новите реквизити за дружење и одмор паркот „Македонија“ е уште поубав и претставува вистински пример за убаво уредена, урбана зелена средина во градот, велат надлежните.