Без струја утре Карпош, Чаир и Илинден


Без електрична енергија утре ќе бидат дел од општините Карпош, Чаир и Илинден. Во периодот од 07:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул.„Никола Парапунов“ – зградите околу Телма телевизија, Тинекс маркет, Шартекс, Француско интернационално училиште EFIS и околните корисници во општина Карпош. Како што информираат од РЦУК Скопје, во периодот од […]

Владиката Петар отвора телевизија со дозвола на АВМУ


Фирмата „Преобразба“, во сопственост на владиката и митрополит преспанско-пелагониски Петар на Македонската православна црква (Петар Каревски), доби дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за отворање телевизиски канал со претежно забавен општ формат. Одлуката е објавена на веб-страницата на АВМУ и истата се однесува на Скопскиот регион, со времетраење од девет години. Преобразба […]

Одобрен првиот домашен тест кој открива и ковид и грип


САД– Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот домашен тест кој може да открие и ковид и грип. Тестот користи брис од нос што и може да даде резултати за околу половина час, а во САД се продава без рецепт. Може самостојно да го користат сите лица над 14 години, како и […]

„Селектирај – компостирај“ – проект за правилен третман на органскиот отпад во градинките во Велес


Околу 400 деца во сите градинки на територијата на општина Велес ќе имаат можност да го научат и директно да го применуваат процесот на производство на компост од органски отпад. Станува збор за активност во рамки на проектот „Селектирај – компостирај“ преку која дечињата директно во градинките на мини компостери ќе ги преработуваат остатоците од […]

На новиот повик за приватни превозници нема да може да учествуваат „Слобода превоз“ и „Макекспрес“


Градот Скопје ќе распише нов повик за вклучување на приватните превозници во јавниот превоз во главниот град, соопштија од градската администрација, со напомена дека на него нема да можат да учествуваат „Слобода превоз“ и „Макекспрес“. – Јавниот повик ќе ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици, со тоа што ќе […]

Анализа: Дури 80 отсто од Македонците се против уставни промени


Довербата на македонските граѓани во Европската Унија е на рекордно ниско ниво, а 80 отсто од Македонците се против уставните измени, покажува Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ, изработена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“. Според директорот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, поддршката за ЕУ […]

Амбасадорката Агелер заинтересирана за политиките за намалување на загадувањето во Центар


Новоформираното претпријатие „Енергија Центар“, транспарентноста и социјалните проекти во општината, акциите за чистење како и текот на изградбата на новата градинка „Пролет“ беа темите за кои градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски разговараше со амбасадорката на Соединетите Американски држави Ангела Агелер на денешната средба во општината. „Општина Центар е прва општина која формира претпријатие за […]

МЗ: Нема зголемување на цените на лековите од позитивната листа


Нема зголемување на цени на лекови од позитивната листа, уверуваат од Министерството за здравство како одговор на прашањето дали поскапуваат лековите што не се на товар на Фондот за здравство. – Станува збор за ОТЦ лекови, односно лекови што се издаваат или продаваат без лекарски рецепт, во аптеките или во продавниците за промет на мало. […]

Расте бројот на заболени со рак на дебелото црево, вели Институтот за јавно здравје


Ракот на дебелото црево е едно од најчестите малигни заболувања на модерното време, со околу 1,8 милиони нови случаи во светот секоја година, што претставува околу 10% од сите случаи на малигни тумори, вели Одделот за здравствена промоција и следење на болести од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Националниот ден за подигање на свеста за […]

Ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга


Со средства од Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција и Општина Струга ќе се реконструира Специјалната болница за нефрологија во Струга. Договорот за реконструкција денеска го потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска. Проектот, како што појасни Лозаноска, предвидува енергетски ефикасен објект во […]

Институциите да ги вклучат младите во подобрувањето на јавните услуги


Креирање прва студентска платформа за општествена одговорност која ќе ја поддржат македонските компании и иницијатива до владините институции и општините во нивната работа да вклучат студенти со што тие ќе учествуваат и ќе влијаат во подобрувањето на јавните услуги за граѓаните. Ова се две идеи кои денеска ги промовираа Институтот за добро управување и евроатлантски […]

Субвенции на велосипеди за прв пат во општина Илинден


За прв пат на територија на општина Илинден се воведуваат субвенции за купување на велосипеди. Локалната самоуправа го објави Јавен повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на […]

Шефот на Мисијата на ОБСЕ бара Македонија да добие жена претседател или премиер


Во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на УН Вомен, денеска се оддржа конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува”, која воедно е и најава за караванот „Гласна и Храбра” кој од денеска започнува и има за цел зајакнување на жените. Конференцијата ја отвори и модерираше Амбасадорот против […]

Сите приватни превозници ќе се пријават на повикот што Скопје ќе го објави в петок


Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните повици, изјави членот на приватните превозници, Јовица Зафировски. На денешната прес-конференција, Зафировски информираше дека јавните повици за сите линии ќе се објават во петок или во понеделник. – На тој јавен […]

Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари


Намалена е цената на лебот во одредени штипски пекари, откако Владата и официјално ја замрзна цената на 33 денари. Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, вели дека одредени пекари ја имаат намалено цената на лебот за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни. -Ние го намаливме лебот и од денеска се продава […]

Пенов незадоволен од тоа како општините си ги прибираат сопствените средства


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска од Струга порача дека не се задоволни од ангажманот на самите општини во прибирањето на сопствените средства, укажувајќи дека иако Владата го зголемила финансирањето, идејата на децентрализација е поголема финансиска самостојност на локалните самоуправи. Прашан за финансиската состојба во општините, по потпишувањето на договорот за реконструкција на ЈЗУ […]

Судењето за „Беса транс“ повторно одложено


Поради отсуство на застапникот на правното лице „Беса Транс“ како и претставник на Царинска Управа во Основниот кривичен суд Скопје, денеска повторно се одложи судењето за „Беса Транс“ во кое сопственикот на истоименото правно лице се товари за „фалсификување на исправа“. Како што информираше Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот Беким Хаџиу, претставникот на правното лице […]

Маричиќ најави контрола на недозволена трговија со производи од тутун


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел го отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавје 28 „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“, на кој присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи.  Маричиќ во воведното излагање истакна дека Владата е посветена и работи на постојано подобрување на […]

МОН тврди дека „тимс“ функционира, само некои училишта имале мали проблеми


По дојавите поставени експлозивни направи во училиштата, учениците денеска требаше да продолжат да следат настава онлајн, но не можеа да се најават на апликацијата „тимс“. Од Министерството за образование велат дека апликацијата функционира, а дека утрово добиле известувања од неколку уличишта дека имало прекин во функционирањето, но подоцна се приклучиле. „Teams апликацијата функционира и секој […]

Уставниот суд ќе одлучува за апанажата на функционерите и за функцијата прв вицепремиер


Уставниот суд денеска треба да расправа за апанажата на избраните и именувани лица, како и за функцијата прв вицепремиер во Владата. На 7 декември, Уставниот суд одлучи да поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица, откако пред него беа оспорени […]