Со „Отворен Балкан“ се забрзува евроинтеграцијата, вели координаторот Марјан Забрчанец
Иницијативата „Отворен Балкан“ не само што ја забрзува нашата европска интеграција, туку и создава услови ние практично да спроведуваме дел од европските стандарди заедно со земјите од регионот, како подготовка за она што ќе се случува после нашиот влез во ЕУ со сите земји членки, изјави во интервју за „Локално“ Марјан Забрчанец, национален координатор за „Отворен Балкан“ и за регионални иницијативи.
Според него, со изборот на Јаков Милатовиќ за претседател на Црна Гора и премиерот и шефот на државата се силни поддржувачи на приклучувањето кон „Отворен Балкан“.
„’Отворен Балкан’ има политика на постојано отворени врати за трите земји од Западен Балкан, но и за други земји членки на ЕУ од регионот. ‘Отворен Балкан’ е создаден заради граѓаните, а не заради политичарите“, нагласува Забрчанец.