Отворање советувалиште за жртви на семејно насилство


Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска ќе отвори советувалиште за жртви на семејно насилство.

На настанот ќе биде потпишан и меморандум со Министерството за внатрешни работи за соработка кон изнаоѓање решение за проблемот со семејното насилство врз жените, како и овозможување безбедна околина и ресоцијализација на жените и децата. 

НСРР повеќе години работи на унапредување на женските права, елиминирање на дискриминацијата на жените во општеството и семејството, развојот и мирот и против насилството врз жените.

-Во таа насока НСРР има бесплатна мобилна СОС-линија 141 700, а од неодамна и советувалиште за бесплатна психосоцијална и правна помош на жените жртви од секаков вид насилство, соопшти Националниот совет за родова рамноправност.