За велигденските празници дожд, грмежи и ветер


Фото: Б. Грданоски

Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела и во следните денови времето повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи.

Во Скопската котлина во петок претпладне ќе има пороен дожд со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Во сабота се очекува претежно сончево време, а во недела и во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.