Судењето за „Империја“ одложено за 20 март


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за случајот „Империја“ против преостанатите три лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица.   Судењето беше одложено поради барање на одбраната да ѝ се даде време за разгледување на листата на докази добиена неодамна, како и да им се достават други докази, за […]

На секоја седница на Советот на Град Скопје ќе се најдат 50-те автобуси


Градоначалничката Данела Арсовска не се откажува од намерата да ги убеди советниците дека е  потребно да се обезбедат нови автобуси со пари од градскиот буџет. Откако тие на една од претходните седници на Советот на Град Скопје не изгласаа ваква одлука, таа денеска изјави дека педесетте автобуси ќе бидат точка на дневен ред на Советот […]

Во Скопје отворена биотехнолошка лабораторија


Биотехнолошка лабораторија денеска беше отворена во средното училиште на Град Скопје, „Марија Кири – Склодовска“, со која треба да се доближи науката поблиску до заедницата на претприемачи и да овозможи дизајнирање на трајни решенија за комплексните еколошки предизвици. Со тоа се демократизира науката и се формира Национална иницијатива за биоотпад што ќе поттикне иновации, образование […]

Со законски измени ќе се овозможи директна набавка на „Трикафта“


 На седница во Собранието на 16 март на дневен ред ќе бидат законски измени кои ќе овозможат директно да се преговара за набавка на лек кој има единствен производител што го има патентирано лекот. Тоа е иницирано за да може директно од производителот да се набавува лекот Трикафта за болните од цистична фиброза, но ќе […]

Бесими: Трошокот за враќање на стариот долг остана ист


Пазарот нуди различни инструменти, а трошокот или каматата е таа што дефинира кој ќе го избереме. Тоа беше одлучувачко и за нас при повторената аукција за 9-тата еврообврзница, да направиме трошокот да не биде повисок од претходната аукција, која поради технички аспекти се откажа. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во […]

Првиот „Лидл“ во Скопје на местото на „Бриколаж“


  Германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“, дознава и пренесува порталот Фактор. Таму се очекува да никне првиот маркет на „Лидл“ во земјава, кој нашите граѓани со нетрпение го очекуваат, а во меѓувреме масовно пазарат од маркетите на фирмата во Грција, но и во соседна Србија, се разбира […]

На скопските улици има над 1.500 диви таксисти – се бара решение од Град Скопје


Групацијата на авто-такси превозници имаат писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за решавање на проблемите со кои се соочуваат таксистите. Веќе со години владее хаос во такси превозот во главниот град, а првиот човек на групацијата, Сашо Рајчановски побара решение на проблемите. Рајчановски вели дека таксистите немаат долгови кон град Скопје, но имаат […]

 Нема ленти за мерење дијабетес, нема глукомери, нема иновативна терапија…


 Нема ленти за мерење дијабетес од тип 2, глукомери, нема иновативна терапија, а неопходни се сензори за детскиот дијабетес. Ова се предизвиците со кои се соочувааат дијабетичарите во земјава, а Сојузот на дијабетичари на Македонија бара континуирано да се следи дијабетесот за да не се предизвикаат несакани последици. Во Прилеп синоќа се формираше новото здружение […]

Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“


Во основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела. Минатото, прво насрочено рочиште се одложи за денеска бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на сите обвинители од Скопското обвинителство поради можноста да […]

За да нема загуби на вода, се подобрува водоводната мрежа во Гази Баба


  Водоводната мрежа, од која со вода за пиење се снабдува Гази Баба, се обновува, се поставуваат цевки со поголем дијаметар и се поврзува со постоечкиот цевковод, што ќе доведе до намалување на загубата на вода, која во Скопје изнезува дури 60 отсто. Градоначалничката на Град Скопје, заедно со директорот на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје […]

Отворање на прва градска биотехнолошка лабораторија во Скопје


Првата градска биотехнолошка лабораторија во Скопје ќе биде отворена денеска, во 11 часот, во СУГС „Марија Кири-Склодовска“. На настанот ќе се обратат Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП, Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ и градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска. -Со отворањето на оваа биотехнолошка лабораторија од УНДП, УНИЦЕФ и Град Скопје, се формира Национална […]

На Криволак воена вежба со хеликоптери „Black Hawk“


На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе биде изведена вежба со хеликоптери UH-60 (Black Hawk) на Копнената војска на САД. На настанот најавено е присуство на министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер.

Без вода дел од улицата „Јуриј Гагарин“ во Козле


ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улицата „Јуриј Гагарин“, крак 4 и крак 6, во населбата Козле во Општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09 00 часот, па до отстранување на дефектот. 

Земјотрес почувствуван во Битола


Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала и со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени вечерва во 21:59 часот е почувствуван во Битола и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е 125 километри југозападно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.

„Ековита“ ќе врши мониторинг на остварување на изборни ветувања на градоначалникот на Неготино


Здружението на граѓани „Ековита“ во рамки на проектот „Еко Лупа“, во наредниот период ќе спроведува активности за мониторирање, на степенот на остварување на дадените изборни ветувања на градоначалникот Горан Стојанов, при што ќе бидат консултирани и граѓаните на општината Неготино. За ова вечерва информираа од ова регионално здружение. – Мониторирањето на степенот на спроведување на […]

Антикорупциската комисија отвара предмет за изградбата на автопатиштата


Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмет за надзорот на изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10 што го доби компанијата ИРД, а како подизведувачи се избрани уште три компании. Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е една од подизведувачите, имала забрана од државата за […]

Унгарија испраќа нови полициски единици во Македонија и Србија


Со цел да се спречи влез на илегални мигранти на територијата на Европската Унија, унгарската полиција испраќа нови полициски единици во Северна Македонија и Србија, односно по 30 полицајци во двете земји. Од унгарската полиција велат дека со ова ги поддржуваат активностите поврзани со чување на границите на земјите од Западен Балкан. На веб-страницата на […]

Понудена помош за студентите од Турција кои доаѓаат од земјотресното подрачје


Министерството за образование и наука и Владата ќе им помогнат на студентите од погодените подрачја од земјотресите во Турција кои студираат на универзитетите во нашата земја, со цел полесно да го надминат тешкиот период во кој се наоѓаат поради огромните човечки и материјални загуби во своите родни места. Веќе им понудивме привремено бесплатно сместување и […]

Во Скопје одбележан денот на раѓањето на украинскиот великан Тарас Шевченко


На роденденот на Тарас Шевченко, 9 март, Амбасадата на Украина заедно со Украинското здружение „Лесја Украинка“ одржаа заеднички настан во Скопје, во чест на, како што велат во објавата од украинската амбасада „Големиот Кобзар, украинскиот национален идеолошки лидер“. Линк до целиот текст тука

По вторпат се бара одземање дозвола на фирма во Штип што прави мазут од гуми


   Еден месец по инспекцискиот надзор на Државниот инспекторат за животна средина на фирмата САНС-АГ, која користи отпадни гуми за да произведе мазут, извештајот и барањето за одземање на Б-интегрираната дозвола пристигна и официјално во Општина Штип. Софче Трајкова советник за екологија во Општина Штип, истакна дека писмото од Државниот инспекторат за животна средина го добиле […]