Во високото образование има 3.166 наставници и 1.330 соработници


Во високообразовните установи во академската 2022/2023 има 4.496 наставници и соработници, соопшти Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број, 3.166 или 70.4 проценти се наставници и 1.330 т.е. 29.6 отсто се соработници во наставата.

-Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2022/2023 година е 2.252 или 50,1 отсто, наведува ДЗС во објавата.