Пендаровски: Во духот на Рамазан да даруваме, помагаме и шириме добра волја


Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху.

-Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан Бајрам. Посакувам празничните денови да ги поминете во мир и хармонија исполнети со среќа и радост и споделувајќи љубов со ближните. Во духот на Рамазан да даруваме, помагаме и шириме добра волја. Без разлика на верската, етничката и политичката припадност да имаме разбирање и почит кон сите наши сограѓани. Заедно, сплотени и солидарни да работиме на напредокот и благосостојбата на нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија. Честит Рамазан Бајрам!, напиша претседателот на државата, Стево Пендаровски.