„Титаник 2“ стигна во Апелација, Мијалков го делат 27 дена од застарување на делото или правосилна пресуда


Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека во Апелациониот суд Скопје примен е предметот „Титаник 2“ на ден 07.03.2023 година, заведен е под КОКЖ-43/23 и согласно одредбите на Законот за кривична постапка доставен е на мислење во Вишо јавно обвинителство Скопје на ден 08.03.2023 година. Сега од судот се очекува експресно […]

Завршени се голем дел од експропријациите во Аеродром


Завршени се голем дел од експропријациите во Аеродром, на крај е проектната документација за улицата „Цветан Димов“ во Чаир. Ова меѓу другото, го истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,  одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. – Завршивме голем дел од објектите во Аеродром што беа за експроприрање. Меѓутоа проблемот е што таму, имотно – […]

Арсовска не отстапува од изградба на „Боца Ивановска“, десетина семејства имаат дворови на државно земјиште


Проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во општина Бутел е еден од клучните проекти на програмата „За Модерно Скопје“, програма за која гласаа 120.000 граѓани жители на градот Скопје. Огромен број од овие граѓани се жители токму на општина Бутел, кои самите го истакнаа овој проект како клучен за нив. – Оттука, морам со […]

Во април околу 4.500 ученици за прв пат електронски ќе бидат тестирани за ТИМСС


Во април и во мај, околу 4.500 ученици од Македонија годинава за прв пат електронски ќе бидат тестирани за да се види какви им се знаењата по предметот математика и по други предмети од областа на природните науки, информираат за Мета.мк од Државниот испитен центар (ДИЦ). ТИМСС (Trends in International Mathematics and Science Study) е […]

Герасимовски од Крижевци ќе учи како Центар да стане енергетски независен


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој е на работна посета во Загреб Хрватска како гостин и учесник на семинарот „Енергетска транзиција на Хрватска и земјите од регионот“ ја посети Општина Крижевци која е пример за искористување на сончевата енергија преку фотоволтаични панели. Во рамки на посетата Герасимовски заедно со колегите од Балканските земји се […]

Генералка во Аеродром


Овие денови, се спроведува голема пролетна акција за оджување на хигиената во Аеродром. Акцијата започна во Ново Лисиче каде што се работи постепено кон чистење на целиот реон, во текот на следната недела продолжува во другите населени места во општина Аеродром. Активностите вклучуваат чистење на улиците и пешачките патеки, одржување на парковите и уредување на […]

Од почетокот на годинава во Куманово, опожарени четири автомобили, лани 13


Од почетокот на годинава, до денеска на подрачјето на СВР Куманово опожарени се четири автомобили, соопштија денеска од кумановската полиција. Претходно и противпожарната единица соопшти дека од почетокот на годинава интервенирале на пожари на четири патнички моторни возила, три во Куманово и еден автомобил во липковското село Оризаре. – На подрачјето на Куманово во 2022 […]

Осумдесет години од погромот и прогонот на битолските Евреи


Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот. Според сочувани списоци депортирани беа 973 семејства, или едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со 10 членови, четиринаесет семејства со 9 членови во семејството… а […]

Бубевски: Не може да се отвори истрага додека не знаеме кои се убијците од Чаршија


Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат откри дека околу 50-тина куршуми завршиле во телата на двајцата убиени изминатиот викенд во угостителски објект во Старата скопска чаршија. Во пресметка на подземјето, неколкумина маскирани влегоа во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија и ги егзекутираа Јетон  Кривањева и Енес Исени. „Колку точно […]

Време е сите политички чинители да помогнат во пристапувањето на Македонија во ЕУ


 Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич во интервју за МИА порача дека сите македонски политичари треба добро да размислат што е во најдобар интерес за државата и за граѓаните, кои живеат во неа и нагласи дека е време сите политички чинители да помогнат во пристапувањето на Северна Македонија во Европската […]

Променливо облачно со слаб дожд и ветер


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, кој попладне во северните делови ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо […]

Исчистена дивата депонија во Расадник


Кисела Вода мора да биде чиста општина, а за тоа треба сите да дадеме свој придонес, апелираше денес до несовесните граѓани градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој присуствуваше на акцијата за чистење на депониите, која се одвива во Расадник. Тој упати повик до сите жители да бидат одговорни, бидејќи загадувањето ги засега лично и дека општината ќе […]

Бесправно градење на атрактивна локација во охридската населба Далјан


Спроведената инспекциска контрола на локација посочена од граѓани во Извидничкиот центар во охридската населба Далјан покажа дека се работи за дивоградба односно дека се спроведуваат градежни активности без дозвола за градење. Според записникот од извршениот надзор утврдено е дека на локацијата на десетина метри од езерото се поставени пет шаловани и армирани бетонски плочи од по […]

Лога: Состојбата во затворите е срамна


 Министерот за правда, Кренар Лога, најави забрзување на постапката за помилување на лицата кои ги прекршиле правилата на пандемијата, како една од итните мерки за ублажување на состојбата во затворите во земјава. Тој предупреди и на интервенции во затворот Идризово за проширување на просторите и подобрување на условите.  „Затворскиот систем е оптоварен. Група пратеници во […]

Петровска и Агелер на вежба со хеликоптери „Блек хок“ на Криволак


   Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска го посетија армискиот полигон „Криволак“, каде се изведе вежба со хеликоптери од типот Black Hawk на копнените сили на САД, поддржани од припадници на Армијата на Република Северна Македонијa. Министерката Петровска изрази задоволство што во изминатиот период полигонот Криволак се користи од […]

Штип денеска се сеќаваше на депортацијата на своите сограѓани Евреи


  Во Општина Штип, денеска се одржа комеморација во чест на 80-годишнината од холокаустот кога штипските Евреи беа однесени до скопскиот Монопол а потоа во логорот Треблинка. На комеморацијата за злосторството кое никогаш не смее да се заборави, говореа градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и министерката за култура Бисера […]

Пецаков: Основот по кој го прогласувавме ништовно решението за градба на хотелот во Лагадин повеќе го немаме


Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска истакна дека со последната мериторна одлука на второстепената Комисија завршува предметот по однос оспоруваниот хотел во населбата Лагадин, односно се одзема и единствената можност на Општина Охрид да ја спречи изградбата на објектот. Пецаков пред медиумите истакна дека за период од седум години сите градоначалници на Охрид во десет […]

Бочварски: Општина Охрид е незаинтересирана да додаде дополнителни аргументи за поништување на одобрението за градење објект на Лагадин


Министерството за транспорт и врски не го потврди одобрението за градење на објектот во Лагадин, затоа според пресудата на Управниот суд и укажавме на Општина Охрид по кој било друг основ да ја разгледа постапката за одобрението за градење и прибавената документација и да донесе решение за ништовност, изјави денеска министерот за транспорт и врски […]

МЖСПП:Го поддржуваме Сојузот на извидници во активностите за ревитализацијата на опожарените шуми


Со потпишување на Mеморандумот за соработка Министерството за животна средина и просторно планирање ја потврди поддршката  на активностиte за едукација и заштита на животната средина, опфатени во иницијативата на Сојузот на извидници на Македонија, наречена  „БОРЕНКА“. Министерката Шукова изрази задоволство што со овој Меморандум ќе се зацврсти досегашната соработка помеѓу МЖСПП и Сојузот на извидници на […]

Марјан од „ДоказМ“ не призна вина, бил обвинет за вербален деликт


  Марјан Стаменковски не мисли дека направил некакво кривично дело со она што го објавуваше на неговиот портал „ДоказМ“, туку дека тврдењата на обвинителството биле биле враќање на вербалниот деликт. Тоа го соопшти адвокатот на Стаменковски, Коста Најков, по денешното рочиште на кое се изведуваат докази. Тој е убеден дека неговиот клиент Стаменковски ќе добие […]