Ковачевски: Евреите се и денес составен дел од градењето еднакво општество за сите


 За да осигураме иднина за генерациите после нашата, сите денес мора да покажеме дека сме извлекле поуки од минатото, а тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и популистички идеологии кои водат кон фанатизам. Индиферентноста кон екстремизмот е соучесништво, порача премиерот Димитар Ковачевски на комеморативниот настан во Националната опера и балет […]

(Видео) Концерт за комеморација на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе”


Одбележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе” се заокружува со комеморативен концерт во Национална опера и балет (НОБ) кој почнува во 20 часот. На вечерниот комеморативен настан ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. На комеморативен настан ќе се обратат и претседателот на […]

Земјотрес од 3,1 степени по Рихтер, почувствуван во Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино и Кавадарци


Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево информираше дека денеска во 08:50 часот бил почувствуван земјотрес од населението на Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Кавадарци и околината. Епицентарот на земјотресот бил на 123 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа. Почувствуван е со Рихтерова локална магнитуда 3,1 и интензитет од […]

Анкета на „Детектор“: „Двојка“ од граѓаните за јавното здравство


Силна двојка или 2,36 е средната оценка што на скала од 1 до 5, граѓаните ја дадоа за квалитетот на јавното здравство, покажува најновото истражување на јавното мислење, што за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според истражувањето, 29,9 отсто од анкетираните му дале единица на јавното здравство, оценувајќи го квалитетот како многу […]

Спасовски очекува во текот на денот да биде расчистен инцидентот во Бутел


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со синоќешниот инцидент со пукање во Бутел во кој меѓу нападнатите има и полициски службеник, изјави дека се приведени две лица, а се трага по уште тројца.  -Станува збор за напад врз неколку лица, едно од тие лица е полициски службеник. Лишени од слобода се две лица. […]

Комеморација по повод 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи


  Одбележувањето на комеморацијата по повод 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи денеска започна со „Поворката на живите“ од локацијата на поранешната железничка станица во Скопје до некогашниот Монопол кој во 1943 година беше собирен центар за депортација на евреите во логорот на смртта во Треблинка. Дел од поворката беа пратеници од Израел, претставници […]

Лекарска комора: Заканата за безбедноста врз лекарите е и закана за грижата за пациентите


Со цел подигнување на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници и поттикнување на преземање на мерки за негово намалување Лекарската комора се придружува кон одбележување на 12 Март, Европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува во четврти пат. Светската здравствена организација известува дека до 38% од здравствените работници трпат […]

Битиќи: Денеска се сеќаваме на сите 7.144 Евреи, тие не се бројка, тие се светлината која ни го покажува патот


Денеска се сеќаваме на сите 7144 Евреи, тие не се бројка, тие се светлината која ни го покажува патот. Затоа денеска, како и сите денови, гласот на разумот, светлината, прифаќањето, човечноста и демократијата мора да е гласен и јасен, да го слушнат сите, рече во своето обраќање вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските […]

Изложба „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“


Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите денеска ќе биде отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“. Подготвена е од страна на Државниот архив на Северна Македонија во соработка со Институтот за национална историја од Скопје, а по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи.  Изложбата се состои од 19 паноа на кои […]

(Видео) „Никогаш повеќе”: Одбележување на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи


Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе”. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот […]

Најстудено на Попова Шапка, утрово измерени -6 степени


На Попова Шапка утрово се измерени -6 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови и Крушево со -3, -1 во Берово и Крива Паланка, 1 Куманово, 2 Битола, Прилеп, Охрид, Претор, Дебар, Виница, 3 Тетово, Штип, 4 Скопје Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 6 Дојран, Демир Капија и 7 во Гевгелија. За изминатите 24 часа до 7 часот (во […]

Слаби врнежи од снег утринава на Попова Шапка и на планинските премини Пресека и Ѓавато


Слаби врнежи од снег утриава има на Попова Шапка, како и на планинските премини Пресека и Ѓавато, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска […]

Основните судови во 2022 година работеле со една третина помалку судии


Според годишниот извештај за работата на судовите на Судскиот совет во 2022 година од вкупно 27 основни судови низ земјава ажурни се 14, а неажурни 13. Ваквата оценка е врз основа на разликата меѓу бројот на примени и решени предмети во годината. Односно судовите кои решиле повеќе од примените предмети во текот на годината се ажурни, […]

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе”


Владата на Република Северна Македонија како покровител на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи, а во организација на Еврејската заедница и на Фондот на Холокаустот ја одбележува годишнината со повеќе настани. Поворка на живите ќе започне во 9 часот од Музеј на Град Скопје (Стара железничка станица) до Монопол – Империал Тобако […]

Неодговорните сопственици дел од проблемот со бездомните кучиња, „Лајка“ со шест заловувачи на терен


 Од понеделникот ЈП „Лајка“ на терен со шест заловувачи започна акција за заловување на бездомните кучиња без ушна маркица на територија на Град Скопје со цел намалување на нивниот број. Заловувањето почна од Општина Аеродром, а ќе се одвива во континуитет и во останатите општини сè додека не се успее во што поголем број да […]

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради одбележување на Денот на холокаустот


Во Скопје утре од 8.30 часот ќе има изменет сообраќаен режим поради одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи.  Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници.  – Утре (12.03.2023) со почеток во 8.30 часот пред […]

ЈП Лајка од понеделник ќе заловува кучиња во Аеродром


Од ЈП Лајка известуваат дека од понеделник, 13 март 2023 година заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром. -Имено, нашиот тим на заловувачи следната недела (13-17. март) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. […]

Матурантите бараат намалување на материјалите или изоставање на предмет


На денешната дебата „Државна матура 2023: што велат матурантите?” организирана од ОДАС Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите се дискутираше за предизвиците со кои средношколците се соочуваа последниве четири години и како тие ќе влијаат на полагањето на државната матура. – Главниот заклучок беше дека ние како генерација немавме една целосна непрекината […]

Градоначалникот на Бутел ги отфрла обвинувањата од Арсовска, најавува прес-конференција во понеделник


 Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ги отфрла обвинувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во врска со проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ и обвинува дека таа, а не тој, прави политиканство. -За помалку од две години, Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, со синдикатот во Водовод, со синдикатот на ЈСП, со директорите […]

Прилепско Мало Коњари се дави во фекалии оти пречистителната станица не работи


Прилепското село Мало Коњари, речиси е предградие на Прилеп и е единственото во Прилепско кое има пречистителна станица за отпадните води, но таа во моментит не е во функција. Околу 600 жители реагираат на излевањето на отпадните води и фекалиите кои ги загрозуваат нивното здравје и околината. Револтирано протестираат и бараат решение. Слободан Дичоски и […]