Ако Сараево ја има Башчаршија, Скопје може да се пофали со Старата скопска чаршија


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот босански колега Ненед Нешиќ денеска прошетаа низ Старата скопска чаршија. – Ако Сараево ја има Башчаршија, Скопје може да се пофали со Старата скопска чаршија. Заедно со мојот драг босански колега, Ненад Нешиќ, во рамки на дводневната посета на делегацијата од Министерството за безбедност на БиХ на нашата држава, […]

Се предлага притвор за двајцата осомничени за грабнување на внукот на Бошкоски


Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело „грабнување“. -Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а […]

Одбележан денот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“


Со положување на цвеќе на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- Тигар“, денеска во касарната „Илинден“ беше одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица и 42 години од нејзиното постоење. Пред спомен плочата на загинатите припадници на САЕ „Тигар“  беше положено цвеќе од страна на официјалните делегации од Влада, МВР и семејствата на […]

Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани


Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.  Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисниците […]

Почнува изградбата на мега-парк во Чаир


Град Скопје почнува со изградба на вториот од петте ветени мега-паркови. Овојпат во Чаир. На оној во Ѓорче Петров, уште се работи. – Со гордост сакаме да најавиме дека започнува изградбата на нов мега-парк кој во соработка меѓу општина Чаир и градот Скопје, се протега на просторот на ул. „Македонско Косовска Бригада“ од крстосницата со […]

Охридското Езеро дадено под концесија без заштита на рибите како што бара УНЕСКО


Еколошкото граѓанско здружение „Фронт 21/42“ преку објава на социјалните мрежи посочува дека во Извештајот доставен до УНЕСКО државата наведува грижа за рибниот фонд на Охридското Езеро, а истовремено ревирот се издава на концесија без соодветна риболовна основа со која би се забранувал риболов, како што стои во препораките од Комитетот за заштита на ОН. Од […]

И Халид од Јордан дојде да се повози по пругата за Жабени


  БИТОЛА – Младиот Халид од Јордан по двомесечен престој во Македонија чул за пругата до Жабени и денеска, понеделнички го фатил возот за Битола, па дојде да се повози. И тој чул дека оваа пруга е нова, толку блиску, а сепак далеку од Европа. „Удобно до крај“ вака го оцени патувањето странецот, кој и […]

Драги жени лекари прифатете ја раководната позиција која ви се нуди, говорете погласно на утрински состанок


Министерството за труд и социјална политика денеска организираше дискусија насловена „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“ како дел од кампањата „Гласна и храбра“ која се реализира во месец март. Дискусијата има за цел подигнување на свеста за дискриминацијата на жените во белиот мантил како предуслов за родова […]

Децата уште во градинка ќе учат да се почитуваат меѓусебно


Социо-емоционалниот развој во предучилишната возраст е клучен за понатамошниот развој на децата, во нивните гледишта, успеси, креативност и амбиции. Препознавајќи ја важноста од раното учење, Општина Центар преку Министерството за труд и социјална политика ја спроведува „Програмата за социјална кохезија и културен дијалог“ во сите детските градинки во општината. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски […]

Данева Маркова: Колку побрзо се усвојат законските измени, толку побргу до „трикафта“ за сите


Законските измени ќе придонесат за побрзо набавување на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза, но и за сите лекови кои се набавуваат на тој начин.  – Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна  и побрза достава на сите лекови, изјави денеска проф. д-р Ана Данева Маркова, советник за здравство на […]

(Во живо) Изјава на Бочварски за надзорот на Коридорите 8 и 10д


 Постапката за избор на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10д  од почеток до крај беше спроведена според Законот за јавни набавки,  порачаа денеска од Јавното претпријатие за државни патишта. Проследете ја во живо изјавата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми:

Средношколците бараат јавен превоз без дискриминација


Денеска, Сојузот на средношколци (ССРСМ) достави предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование до Собранието. Средношколците законот го доставија до претседателот на Собранието, координаторите на сите пратенички групи (ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата; Коалицијата „МОЖЕМЕ“; ДУИ; Алијанса за Албанците), Клубот на млади пратеници и Комисијата за образование, наука и спорт. Сојузот бара […]

Нивото на водата во Охридското Езеро сѐ уште далеку под просекот


 Водостојот на Охридското Езеро викендов порасна за еден сантиметар, но сѐ уште е далеку под просекот за овој период од годината, Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,21 метри надморска височина, што е за 28 сантиметри пониско од просекот за март. Врнежите дожд од пред неколку дена го подигнаа нивото на езерото за еден […]

Судењето на Зеќири се одложува за четири недели по препорака на психијатар


Основниот кривичен суд Скопје информира дека судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се одложува во наредните 3 до 4 недели поради неговата психичка состојба. -Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 193/22, ја информираме јавноста дека, расправата насрочена за 13.03.2023 година ќе […]

Групација на авто такси превоз упати барање до Град Скопје за решавање на проблемите


Групацијата на скопските авто такси превозници соопшти дека денеска упатиле барање до Град Скопје за решавање на проблемите со такси превозот, преку кои, според нив, граѓаните ќе добијат делумно почист воздух и делумно намалување на сообраќајниот метеж во градот, како и околу 1.200 до 1.500 нови вработувања. Тие бараат решение за проблемите со жолтите таблички […]

Најстудено во Берово -7, најтопло во Дојран плус шест


Најстудено утрово е во Берово и на Попова Шапка -7 степени, во Крива Паланка и Маврово се измерени -6, Крушево -5, а во Скопје, Битола и Прилеп -4. Над нулата е во Гевгелија со четири и во Дојран со плус шест степени. УХМР соопшти дека во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до […]

Отворен повик за автори за едномесечен престој во некоја од земјите во регионот


Регионалниот проект Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД) финансиран од ЕУ, објавува повик за резиденцијален престој каде автори од Северна Македонија, Турција, Србија, Косово, Албанија имаат можност да престојуваат во некоја од овие земји. Целта е на авторите да им се даде можност дa ја запознаат литературната, уметничката и културната сцена во регионот и со […]

Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР


Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – ТИГАР. На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски и командантот на САЕ ТИГАР, Драган Прокоповски. Тие воедно ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит на спомен плочата на загинатите припадници на […]

Саем за вработување и кариера на Техничкиот кампус на УКИМ


Саем за вработување и кариера – Job Fair во организација на Бордот на европски студенти по технологија – Скопје (БЕСТ) од денеска до петок ќе се одржи на Техничкиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. На 18-тото издание на манифестацијата ќе се претстават 90-тина компании кај кои студентите можат да се […]

Студено утро, преку ден претежно сончево


Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. Во Скопје ќе биде сончево и тивко со максимална температура до 14 степени. Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има в среда, кои на […]