Нема веќе паркирање на тревникот пред ЗОО – се поставуваат столпчиња


За време на викендот голем дел граѓани ја посетија зоолошката градина, а дел од возачите беа несовесни и своите автомобили ги оставија на тревникот.

По големиот број реакции на социјалните мрежи, денеска беше објавена нова фотографија на групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, каде што може да се забележи дека се поставуваат столпчиња со цел да се спречи паркирање на тротоарот и зеленилото.