Прекин на сообраќајот на регионалниот пат од населба Чашка кон селата во општината


Општина Чашка ги информира возачите дека поради градежни зафати на тунелот во населба Чашка денеска и утре сообраќајот на регионалниот пат кој поминува низ населба Чашка ќе биде во прекин.

Како што информираат од општината прекинот ќе биде во периодот од 09 до 14 часот.