Како општините потфрлиле во заштитата на своите жители за време на пандемијата?


Фото: Б. Грданоски

Остварените сопствени приходи на општините во 2020 година бележат намалување од 15,2 отсто во однос на претходната година и нивниот износ од 8.000 денари по глава на жител, не е доволен за креирање на ефикасни политики на локално ниво и нивно ефективно спроведување со цел обезбедување на квалитетни услуги за граѓаните, дотолку повеќе што третина од нив се користи за потребите на органите на општината.

Ова го покажа Ревизијата на успешност на тема „Сопствените приходи на општините за
обезбедување квалитетни услуги на граѓаните за време на пандемијата“.

Ревизорите контатирале дека има отсуството на стратешко планирање за намалување на ризици од катастрофи со јасно дефинирани приоритети и стратешки цели на национално ниво, од кои произлегуваат мерки на краток, среден и долг рок, одговорни институции и утврдени индикатори за мерење на ефектите од имплементацијата како и не спроведениот процес на
децентрализација во областа на здравствената заштита и подредената улога на општините во воспоставениот систем за справување со пандемијата предизвикана од Ковид -19, се причини општините да не се во можност да преземаат брзи и самостојни мерки за помош и заштита на населението во услови на пандемија.

Во буџетскиот процес не е обезбедено почитување на принципите на партиципативност и транспарентност, што не претставува солидна основа за донесување на граѓански буџет во кој ќе бидат вклучени интересите и потребите на засегнатите страни. Само 5 отсто од граѓаните биле консултирани од нивната општина при изготвување на општински буџети и програми, додека 39 отсто сметаат дека во буџетот на општината не се вклучени потребите на жителите на општината.

Неизвршените/ненавремено извршените ребаланси на буџетите, односно прилагодување на расходите согласно остварените приходи кои во 2020 година се во висина од 70 отсто од планираните, резултираат со зголемено учество на обврските во сопствените приходи за 7 отсто во однос на претходната година. Зголемените обврски и рапидното зголемување на приходите од задолжување од 85 отсто во однос на претходната година, во услови на продолжена здравствена и економска криза, не обезбедуваат Конечен извештај на Ревизија на успешност.

Помалку остварените приходи од планираните, ја ограничуваат можноста на општините да
испорачаат соодветни услуги кон граѓаните.

Несоодветните програмски и економски прилагодувања на буџетите, за преземање на
дополнителни активности за задоволување на потребите на граѓаните кои во периодот на пандемијата најмногу се од областа на здравството, образованието и социјална заштита, резултира перцепцијата на граѓаните од квалитетот на општинските услуги да биде со просечна оценка 2,7 (на скала од 1 до 5).

Општините не презеле активности за изработка на планови за пост кризно опоравување, во насока на надминување на здравствените и социоекономските последици што упатува на недостаток на визија за опоравување и мерки за прилагодување и градење на отпорност на општините, кои во услови на продолжената здравствена и економска криза треба да обезбедат одржливо опкружување за економски инвестиции и развој.

Со цел да се зголеми ефективноста во остварувањето на сопствените приходи на општините и обезбедување на квалитетни услуги на граѓаните ревизорите дале препораки во функција на преземање активности за донесување на нормативни и стратешки акти за интегрирано управување со кризи и заштита и спасување, преиспитување на територијалната организација на државата на локално ниво и моделот на децентрализација и надлежностите на општините, зголемување на транспарентноста во буџетскиот процес како и донесување на планови за пост кризно опоравување. Од страна на министерот за локална самоуправа, доставено е известување по Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор. Истото е разгледано и констатирано е
дека претставува известување за отпочнатите активности во функција на дадените препораки за развој на системот на локалната самоуправа.

Ревизијата на успешност на тема „Сопствените приходи на општините за обезбедување квалитетни услуги на граѓаните за време на пандемијата“ извршена согласно Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2021 и 2022 година спроведена во рамките на активностите на TFMA- EUROSAI работната група за ревизија на општините, како кооперативна ревизија во која учествуваат седум Врховни ревизорски институции на: Албанија, Црна Гора, Романија, Словачка, Полска, Турција и Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија како координатор.

Со примена на соодветни ревизорски техники со ревизијата беа опфатени 80 единици на локална самоуправа и Градот Скопје, а податоци беа обезбедени и обработувани од Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, Центарот за управување со кризи и Институтот за јавно здравје.

Во продолжение погледнете дел од графиконите содржани во ревизорскиот извештај: