(Видео) Алиу: Дигитализацијата на услугите е на ниско ниво


Дигитализацијата на услугите во Македонија е на ниско ниво, смета министерот за информатичко општество и јавна администрација, Азар Алиу, а работат секој ден да постават нова услуга, за да се зголеми бројноста, додека во моментот се работи на 150 такви.

– Една од причините зошто тие услуги не се искористени е заради недоволна информираност на граѓаните – рече министерот Алиу, по денешниот брифинг со новинарите.

Тој појасни дека ЕТУ – Една точка услуги, во моментов има пет на ниво на држава, во Скопје, Битола, Тетово, Куманово и Охрид. За поголема достапност се договориле со Македонски пошти, такви точки да отворат во 333 пунктови на Пошти. На тој начин ќе се искористи и човечкиот потенцијал, односно вработените во Пошти, како и постојните пунктови.

– ЕТУ многу малце опслужуваат услуги – вели Алиу, но за тоа смета дека „виновна“ е неинформираноста на граѓаните.

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу,  денеска одржа брифинг за новинари.

Со слоганот #ДигиталнаЕра, МИОА  го отпочна процесот за развој на електронски услуги кои ќе бидат достапни за сите граѓани, професионалната администрација која ќе ги исполни европските стандарди, се само дел од темите за кои  се разговараше на средбата.

На следниот линк може да погледнете кои услуги ги нуди ЕТУ https://etu.uslugi.gov.mk/pages/etu-uslugi