Петровска ја пречека австриската министерка за одбрана Клаудија Танер


Со церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Скопје ја пречека австриската министерка за одбрана Клаудија Танер, која е во официјална посета на Република Северна Македонија.
По пречекот, австриската министерка за одбрана Клаудија Танер се потпиша во книгата на впечатоци во Министерството за одбрана, двете министерки одржаа тет-а-тет средба, по што започна и состанокот на двете делегации.
 
Тема на разговор на денешните делегации е одбранбената соработка помеѓу Австрија и Северна Македонија и можностите за нејзиното продлабочување, прашањето за европската интеграција на Западен Балкан, како и актуелните безбедносни случувања и ситуација во регионот. 
 
По завршување на состанокот на делегациите, во 14:50 часот двете министерки ќе одржат заедничка прес-конференција.