Ѓубре имаме и за извоз: Екоактивисти го чистеа скопското Кале


Активисти од еколошкото движење „За почиста Македнија“ и волонтери од странство организираа акција за чистење на скопското Кале.

Волонтерката од Финска, Катарина Вејо не го криеше разочарувањето за состојбата во која се наоѓа скопското Кале и вели дека загадувањето во Македонија е на многу високо ниво.

Марко Гапо од движењето „За почиста Македонија“ вели дека некогаш не се виновни ниту посетителите, кои немаат каде да го фрлат ѓубрето затоа што кантите се полни.

Ова е втора акција која екоактивистите ја прават на скопското Кале.