„Бехтел и Енка“ ќе почнат со работа од делницата Гостивар -Бујачани


Првата делница на која ќе се градат коридорите 8 и 10Д е избрана. „Бехтел и Енка ги почнува активностите на Гостивар – Букојчани, делницата долга 30,1  километар, која според информациите на ТВ24 е одбрана затоа што е најчиста во имотно-правните односи. Најголемиот дел од земјиштето е државно и има најмалку потреба од експропирјација, но воедно се работи и за делница на која ќе има најмногу мостови, иако готов проект се уште нема. За оваа делница, според информациите на  ТВ 24, ќе бидат ангажирани две домашни компании, чии имиња треба да се објават во текот на наредната недела.

Делницата од коридорот 8  Требеништа – Струга – Ќафасан е долга 22,5 километри и најверојатно ќе биде последната која ќе биде изградена.

Почнувањето на активностите денеска го потврдија и од Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, со ист став како оној кој владата го соопшти вчера – дека од денеска се започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти и основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање.