„Лајка“ со повик до граѓаните: Пријави куче без ушна маркичка


Од ЈП „Лајка“ ги повикаа граѓаните да пријават бездомно куче без ушна маркичка доколку такво забележат низ градските улици. – Стерилизацијата/кастрацијата на бездомните кучиња е бесплатна, велат од „Лајка“. Ова важи за бездомните кучиња во општините на територијата на град Скопје.

Социјално загрозените семејства од Аеродром нема да плаќаат за градинка


Родителите од општина Аеродром од социјално загрозени семејства нема да плаќаат градинка за своите деца.  На седницата на Советот на општина Аеродром која се одржа минатата недела, беше донесена одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на децата во градинка за социјално загрозените родители чии деца посетуваат градинка на територијата на Општина Аеродром. […]

Жители на Бутел бараат да се смени трасата на улица, Градот тера по свое


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски кажа дека во Бутел нема простор за урбаната мафија. – Нема да дозволам во Општина Бутел повторно да дивее урбаната мафија, исто така нема да дозволам мирните граѓани на оваа општина да бидат третирани како криминалци. Баба Невена, чичко Мустафа и чичко Кирил не се криминалци, тие се чесни […]

Стигна лекот „Трикафта“ за болните од цистична фиброза


    Докторката Стојка Фуштиќ, специјалист за цистична фиброза, денеска на прес конференција во Министерството за здравство истакна дека утрово пристигнал лекот „Трикафта“ на Универзитетската клиника за детски болести и веќе ги примаат пациентите кои треба да ја започнат терапијата. Според неа, на Клиника се примаат 6 пациенти, додека пак двајца пациенти кои се водат […]

Една од три жени доживува насилство во животот- „Авон“ со нова донација за поддршка на понежниот пол


Поразителен е податокот дека денес една од три жени доживува насилство или злоупотреба во текот на својот живот. Насилството врз жените е најраспространето кршење на човековите права во светот! Ситуацијата не е ништо поразлична ни во Македонија. Тоа е нешто што не треба да се случува! Затоа Авон како компанија која ги поврзува луѓето, и […]

Загубите на води се нешто што не смееме да го прифатиме како факт


Загубите на вода во Скопје се над 60 отсто, пречистителната станица никако да се изгради, а ништо подобра не е ситуацијата и во другите општини. За подобрување на ваквата состојба, денеска повеќе институции се запознаваа со имплементација на Програмата за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија, поддржана од Шввајцарија. Во следните десетина […]

Во петок влажен бран со пороен дожд, грмежи и ветер


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час). Локално ќе бидат во форма на невреме, соопшти УХМР. Во Скопската kотлина утре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне […]

Сотировски: Очекувам владиката Петар да објави детали за телевизијата што планира да ја отвори


Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски не го коментира „отворањето телевизија од страна на владиката Петар“, но очекува тој да ја запознае јавноста со деталите за влезот во медиумскиот бизнис. – Немам став во однос на користењето на права коишто се со закон гарантирани во државата. Тоа е […]

МОН: Се подготвува првата нацрт-верзија на новиот Закон за учебници


Група составена од претставници на повеќе институции и чинители на воспитно-образовниот процес работи на подготовка на првата нацрт-верзија на новиот Закон за учебници во основното и средното, соопшти Министерството за образование и наука. МОН во соопштение наведува дека ова е негова иницијатива и на Педагошката служба со единствена цел да се унапреди квалитетот на содржината […]

За сите граѓани во Тетово повик за бесплатни ехо прегледи за откривање на рак


 Наредната недела во просториите на Здружението на пензионери сите граѓани ќе имаат можност за бесплатни прегледи со ехо апарат со цел рано откривање на рак. Оваа активност е соработка на Здружение на пензионери во Тетово и Општинската организација на Црвен крст Тетово. -Активноста се организира по повод Неделата за борба протв рак од 1 до […]

Почна изградба на кружен тек на влезот во општина Илинден


Општина Илинден отпочна изградба на кружен тек на влезот на oпштината, кој е еден од ветените проекти од програмата на градоначалникот Александар Георгиевски. Станува збор за нов кружен тек на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8” ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи […]

Состојба на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Осум до 10 отсто од популацијата има одреден степен на хронична бубрежна болест, контролите важни за рано откривање на болеста


Се смета дека осум до 10 отсто од општата популација има одреден степен на хронична бубрежна болест. Во раните стадиуми, болеста е без симптоми, се случува тивко и пациентите воопшто не знаат дека ја имаат. Лекарите препорачуваат редовни превентивни прегледи со кои може да се открие болеста уште во раните стадиуми и со тоа да […]

80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка


Во Битола, Штип и Скопје од денеска до недела ќе се одбележуваат 80 години од 11 Март – Денот на депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка. Собранието информираше дека негови делегации ќе положат цвеќе на спомен-обележја во овие три града од кои биле најбројни депортираните македонски Евреи во 1943 година.  Собраниска […]

Без струја делови од Центар, Злокуќани, Сарај и Матка


Поради планирани прекини на електрична енергија денеска без напојување со струја ќе останат корисници на улица во Капиштец, зграда во Центар, реонот на Зајчев Рид, како и делови од Злокуќани, Сарај и Матка, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во периодот од 08:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Ганчо […]

Одбележување на Светскиот ден на бубрегот


ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија – Скопје денеска во хотел „Хилтон“ ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здрави бубрези за сите – Да се подготвиме за неочекуваното, да ги заштитиме најранливите”.  Светскиот ден на бубрегот денеска традиционално ќе биде одбележан и во Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН.  На двата настани ќе […]

Облачно и релативно топло со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до […]

Спасовски: Секој што се занимава со криминал ќе сноси одговорност за тоа


 Секој оној што се занимава со криминал ќе мора да носи одговорност за сето она што ќе го направи, а македонската полиција е тука и бурно ќе стои на браникот на безбедноста и сигурноста, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Околу завчерашниот вооружен напад под Кале, Спасовски рече дека е можно да станува […]

Без вода утре дел од булеварот „АСНОМ“


Поради замена на затварач (шибер) на булеварот  „АСНОМ“ 12, утре со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на бул. „АСНОМ“ од број 4 до број 20. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на дефектот.

По повод 8 Март, отворена изложба „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол


На Меѓународниот ден на жената, евроамбасадорот Дејвид Гир, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и Моника Сандри, вршител на должноста постојан координатор на ОН, ја отворија изложбата „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол во Скопје. – Изложбата е составена од 12 приказни за извонредни жени кои ги кршат бариерите и стереотипите и […]