Договорот за надзор и градба на пречистителна станица во Скопје се конечно потпишани
Договорите за надзор и за градба на пречистителна станица во Скопје се конечно потпишани, што значи дека со воведување на работа на изведувачот и надзорот ќе можат да започнат работите на нејзината изградба, информира денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
Таа на денешниот настан одржан по повод Денот на планетата Земја, одговорајќи на новинарско прашање изрази надеж дека во наредниот месец или два ќе започне имплементацијата на проектот.
Таа потсети дека станува збор за капитален проект во вредност од повеќе од 180 милиои евра од кои што државата успеала да обезбеди гранд од 70 милиони.
Шукова оцени дека ваквите проекти, како и ваквата владина поддршка треба да продолжат и во иднина. –
Проектот формално ќе го води Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ вклучено е и Министерството, ние секако ќе го координираме овој процес, посочи Шукова.