(Во живо) Официјално почнува Заедничката операција на Фронтекс и Македонија


Во Полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска на свечена церемонија ќе биде означено официјалното започнување на Заедничката операција на Фронтекс во Република Северна Македонија.

Заедничката операција со Фронтекс ќе трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а има за цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, прибирањето и размената на оперативни информации и идентификувањето на можни ризици и закани, јакнење на оперативната соработка и поддршка  на оперативните капацитети.

Планирано е во текот на 2023 година Фронтекс да распореди повеќе од 100 службеници, патролни возила и специјална опрема со што значително ќе се зголемат капацитетите за откривање на илегалните активности долж државната граница.