Ламбе Алабаковски бил среќен што го потпалил бугарскиот клуб во Битола


 

Нема жалење, туку среќа. Така пејачот Ламбе Алабаковски денес го толкува ланскиот инцидент кога ја потпали влезната врата на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола.

Од денешна перспектива сум среќен што го запалив бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, изјави пејачот Ламбе Алабаковски во изјава во гостување во „Бомбакис поткаст“, пејачот рече дека бил среќен и радосен за направеното.

„Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, изјави Алабаковски во виде програмата „Бомбакис поткаст“.

Тој лани во јуни беше уапсен за подметнување пожар во бугарскиотклуб, а беше осуден на условна казна од шест месеци. Алабаковски за време на истрагата го призна делото. Централниот регистер минатиот месец објави дека клубот „Иван Михајлов“ е избришан од регистарот.