Паметните телефони покажаа 4,6 степени – паника кај штипјани по земјотресот


Земјотресот во Штип со Рихтерова локална магнитуда од 3 и интензитет од четврти степен, кој се случи утринава во 2:41 часот е релативно слаб и е очекуван за вакво подрачје, вели деканот на Природно-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Ѓорѓи Димов. Поголемиот дел од штипјани не го почувствуваа, а паника се создаде кај оние граѓани […]

Автопат од Призрен до Тетово е проект кој може да се разгледува во иднина, приоритет коридорите 8 и 10д


Автопатско решение од Призрен до Тетово е еден од патните правци кои може да се разгледува во иднина од кој нема да се откажеме, бидејќи на Балканот му треба модерна инфраструктура, но во моментов приоритетите кај нас и финансиските средства – буџетски и кредитни се наменети за патните правци од коридорите 8 и 10д како […]

Прогласени најдобрите настани на првиот БЕАМ Фестивал


Вчеравечер на свечена церемонија беа прогласени добитниците на првиот БЕАМ Фестивал на најдобри настани. Жири комисијата составена од 20 искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии, по однапред утврдени критериуми и правила оценуваше 65 пријави во 15 категории. Ова се победниците по категории: Најдобар културен / музички настан – Д Фестивал – […]

Пари има, нема квалитетни проекти од општините


Министерството за локална самоуправа заедно со Бирото за регионален развој обезбеди поддршка од УНДП и од Шведската Агенција за развојна соработка за поддршка на општините за изработка на проектна документација. Општините, особено помалите кои што имаат ограничени човечки и финансиски ресурси тешко се снаоѓаат со подготовка на поголеми, инфраструктурни проекти кои што бараат обемна техничка […]

Спасовски: Со Законот за кривична постапка целосно се усогласуваме со европското законодавство


Заедничката соработка и координацијата меѓу полицијата, обвинителството и судството е суштинска за работењето, но и за резултатите од криминалистичките истраги, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во обраќањето на трибината „Криминалистички истраги (предистражна постапка) – координација и соработка со јавното обвинителство“ на Факултетот за безбедност. Обраќајќи се пред присутните, Спасовски рече дека оваа тема […]

Спасовски: Лоциравме кластер на лица во однос на лажните пријави за бомби


Министерот Оливер Спасовски гостувајќи во утринската програма на МТВ на прашање до каде е истрагата за лажните пријави за бомби во училиштата и други институции, истакна дека последната кривична пријава во врска со овие лажни пријави е поднесена на 22.03.2023, против еден малолетник, како и тоа дека практично е навлезено во една група лица коишто […]

Вечерва протести во Скопје и Битола поради смртта на малата Јана


Во Скопје и Битола вечерва од 19 часот ќе се одржат протести поради шестгодишната Јана, која почина во битолската Клиничка болница по примена инфузија. Протестот во Битола ќе се одржи на плоштадот Магнолија со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“, додека во Скопје ќе се протестира пред Министерството за здравство. Организаторите велат дека […]

Дел од Аеродром без вода


Поради промена на шибер во шахта ф 80 мм, без вода од 10.50 часот се корисниците од бул.„Јане Сандански“ згр.66, згр.68 и дел од ТЦ Бисер. Прекинот во водснабдувањето ќе трае до за вршување на работите, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Судскиот совет ги избра Даут Рустеми и Александар Милошески за судии во Апелационен суд Гостивар


Судскиот совет на денешната 436-та седница ги избра Даут Рустеми и Александар Милошески за судии во Апелационен суд Гостивар од кривична област.  Судскиот совет согласно закон судиите ги избира со најмалку осум гласа „за“ од судиите со право на глас и гласа од прворангираниот се до изборот на потребниот број судии согласно објавениот оглас.  Судијата […]

Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд


 Судскиот совет на денешната 436-та седница ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд од граѓанска област. На огласот за избор на четири судии во Врховниот суд, од кои двајца за кривична област и двајца за граѓанска област, беа пријавени по петмина кандидати, но Судскиот совет не избра ниту еден од […]

Општина Центар субвенционира реконструкција на фасада на „Илинденска“


Општина Центар започна со реконструкција на фасадата на станбениот објект бр. 81 на бул. „Илинден“, со површина од 2.200 квадратни метри. На овој потег, во тек е реконструкција на стара и оштетена фасада на колективна станбена зграда што покрај енергетската ефикасност, ќе добие и нов лик што ќе го збогати целокупниот амбиент. „Ќе се задржи […]

Трчаме заедно со новиот клуб „Skopje City Running Club“


Колку пати сте си рекле: „Ќе почнам да трчам следната недела“? Колку пати сте сакале да истраете во таа одлука, а потоа поради некоја причина сте ја изгубиле мотивацијата и не сте го направиле ниту првиот чекор? Сигурно имате приоритетни задачи, токму затоа Skopje City Mall реши да создаде бесплатна уникатна програма за рекреативци и […]

Земјотрес со јачина од 2,9 степени во Штип


Во Штип утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,9 степени по Рихтерова скала. #Earthquake (#земјотрес) possibly felt 36 sec ago in #NorthMacedonia. Felt it? Tell us via:📱https://t.co/LBaVNedgF9🌐https://t.co/AXvOM7I4Th🖥https://t.co/wPtMW5ND1t⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/3wremKkanh — EMSC (@LastQuake) March 29, 2023 Според информациите од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот е регистриран на […]

Почнува проектот „Медиумите за ЕУ“


Евротинк – Центарот за европски стратегии и партнерите АЛДА и БИРС, денеска го почнуваат проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, кој ќе се спроведува во наредните три години со поддршка од Европската Унија. Целта на проектот е да се […]

Дебата за иселувањето на младите


Форумот за образовни промени денеска организира јавна дебата на тема „Иселување на млади со високо образование: Дали РСМ подготвува работна сила за земјите од ЕУ?“. На дебата во ЕУ Инфо центарот се најавени министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик амбасадорот на ЕУ во Скопје Џулијан Васало, универзитетскиот професор Адмирим Халити и студентски адвокат […]

Постудено и ветровито


 Времето утрово ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен […]

Тренчевска: Верувам дека кадрите кои излегуваат од ИБУ се спремни да одговорат успешно на нивните професии


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети  Меѓународниот Балкански универзитет во Скопје каде беше пречекана од страна на ректорот на факултетот, Мехмет Дурсун Ердем и проректорот Мевлудин Ибеш. Од страна на ректорот беа презентирани просториите на кампусот од универзитетот. Целта на посетата беше работилницата која беше одржана со студентки од универзитетот која […]

Повредена средношколка на која ѝ падна таванот врз глава во медицинското во Битола


Директорката на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева претпладне ја извести општината, дека утрово во 8 часот, паднал таванот во училишните тоалети, за подоцна, Илиева, на прашање од градоначалникот да потврди, дека при падот на таванот била незначително повредена ученичка од училиштето. Градоначалникот Коњановски, веднаш по добивањето на информацијата, формира општинска […]

Без струја утре делови од Драчево, Хиподром, Центар, Тафталиџе, Кучково и Грачани


Корисниците од улица „Дреновска Клисура“ во населба Драчево во Општина Кисела Вода утре ќе немаат струја од 8 до 12  часот, соопшти РЦУК – Скопје по известување од „ЕВН Македонија“ АД. Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Пехчевска“ и „Париска комуна“ и дел од улицата „Валандовска“ во […]

Апелација за в четврток закажа јавна седница за случајот „Титаник 2“


 Апелациониот суд во Скопје за в четврток, на 30 март закажа јавна седница за случајот „Титаник 2“, каде обвинет е и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. –  Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник 2“, е закажана […]