Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку платформата „Зум“ ќе ја одржи 83-та седница. На дневен ред, како што соопшти ДКСК, се Годишниот извештај за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2022 година и Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, […]

Националните архиви од поранешна СФРЈ на состанок во Скопје


Скопје денеска е домаќин на состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ. На состанокот, меѓу другото, ќе се анализираат досегашните резултати и можностите за дигитализација на нашето […]

Делови од Карпош, Ѓорче Петров, Илинден и Сарај денеска без струја


Без електрична енергија денеска од 11:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Прашка“ од бр.54 до бр.70 и дел од улицата „Букурешка“ од бр.110 до бр.140 во општина Карпош. Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Париска“ без број спроти ГОБ […]

Наутро студено, преку ден сончево


– Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност […]

Владата донесе одлука да донира хеликоптери на Украина


 Владата на денешната седница донела одлука да донираме хеликоптери  на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена.   Владината прес-служба вечерва соопшти дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството […]

Пожар над скопската населба Пинтија, гори ниска вегетација


Шумски пожар изби над скопската населба Пинтија, информираат од Центарот за управување со кризи. Според напишаното на социјалните мрежи, гори ниска вегетација. – БППЗ на Град Скопје мометално интервенира со 1 ПП Возило и 4 пожарникари. Во моментов пожарот не преставува голема опасност – потенцираат надлежните.

Протест за Јана во Битола: Од плач и молк до гнев и револт за состојбите во здравството и државата (фото)


Од солзи и сочувство за малата Јана до гнев и револт за состојбите во македонското здравство, политика и државата протече протестот за малата Јана Христовска (6) од битолско Кравари која минатата недела почина во Битолската болница. Битолчани во голем број се собраа на плоштадот Магнолија да изразат сочувство и поддршка до семејството Христовски од Кравари, […]

Пред Министерство за здравство се одржа протест под мотото „Правда за Јана“


 На протест пред Министерството за здравство вечерва беа побарани одговори за смртта на шестогодишната Јана која почина минатата недела во Клиничката болница во Битола. Учесниците на мирниот протест побараа, како што наведоа  „Правда за Јана“ и „одговорно Министерството за здравство“. Порачаа дека е „доста од нефункционалноста, партизацијата, лошите услови во здравствениот систем и префрлањето вината кај […]

Редефинирање на начинот на полагање на завршниот испити во Академија за судии и јавни обвинители


Владата го разгледа и утврди текстот на предлогот на Закон за Академија за судии и јавни обвинители. Донесувањето на овој Закон, според предлагачот, Министерството за правда, произлегува од потребата за реформа на судството во Република Северна Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Северна Македонија за членство во ЕУ […]

Советниците утре треба да се согласат Владата да ја преземе Универзална сала


Советниците на утрешната седница на градскиот Совет треба да се изјаснат за иницијативата за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата. Иницијативата ја поднесе советничката група на СДСМ и коалицијата, поткрепена со писмото на министерката за култура, Бисера Костадиновска, која го испрати до координаторите на советничките групи […]

Топлински пумпи и фотоволтаици за комплексот базени Куманово за заштеда на трошоци за енергија


 Општина Куманово ќе инвестира десет милиони денари за топлински пумпи и фотоволатаци за комплексот базени, соопштија денеска од ЈП „Куманово Паркинг“ кои менаџираат со базените. – Советот и градоначалникот донесоа одлука за распишување тендер за избор на компании за поставување топлински пумпи во вредност од пет милиони. Вториот тендер е за поставување фотоволтаици и тој […]

До петок стабилно време, за викендот повремен дожд


До петок ќе се задржи стабилно време, а за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Минималната температура и утре изутрина на повеќето места ќе се спушти под нулата, а потоа во следните денови температурите ќе бидат во пораст. Во понеделник се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и […]

Одобрен Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за 2022-2031


Донесен и одобрен е Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 година, информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Планот, како што се наведува, е донесен по долготрајни, но плодотворни консултации на експертско ниво. Според ресорното министерство, во овој транспарентен процес беа вклучени околу 70 експерти, при што […]

Мајката на повредената битолска ученичка е зачудена од однесувањето на директорката


  БИТОЛА – „Наместо да покаже емпатија кон девојчето за повредите и стресот, да ми ја донесе дома или да ја одведе на лекар, директорката ја храбреше ќерка ми дека ‘битно е жива’ и дека  е ‘голем јунак’“, вака сведочи за „Независен“,  С.Д. (38) години, мајка на девојчето од Средното медицинско училиште во Битола врз […]

Шаќири: Ги мотивираме компаниите да ги задржат младите кадри во земјава


Ние како Влада постојано работиме на подобрување на квалитетот на животот, особено на младите, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната јавна дебата на тема „Иселување на млади со високо образование: Дали РСМ подготвува работна сила за земјите од ЕУ?“. Нагласувајќи ја важноста на дебатата, организирана од Форумот за промени во образованието, […]

Започнуваат проекти за справување со аерозагадувањето и унапредување на капацитетите на општините


Започнува реализацијата на проект за справување со загадувањето на воздухот во пет општини и проект за унапредување на капацитетите на општините и поддршка на рамномерниот регионален развој, кои Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги реализира со поддршка на Шведска. Денеска беа презентирани главните цели и активности на Програмската рамка за соработка помеѓу […]

Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина претставени на изложба во Кочани


Можностите за искористување на остатоците од земјоделството како готови производи и прототип-дизајни се претставени на изложба што денеска ја организираше граѓанското здружение за културно-уметнички дејности „Одоната” од Кочани. Изложбата е дел од проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани”, што се реализира во партнерство со Македонското модно здружение од Скопје, а […]

Намален бројот на ученици во учебната 2022/2023 година


Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185.099, што претставува намалување за 0,8 отсто во однос на претходната учебна година. Бројот на учениците во редовните средни училишта, пак, на почетокот на учебната 2022/2023 година, изнесува 69.227, што претставува намалување за 2,5 […]

Пендаровски бара за казината и коцкарниците да се отвори јавна расправа


Претседателот Стево Пендаровски во присуство на австрискиот претседател Александер ван дер белен апелираше законското решение за игрите на среќа да не се става во процедура со европско знаменце туку да се спроведе јавна, сеопфатна и стручна дебата со цел да се дојде до балансирано решение во интерес и на вработените и на граѓаните. Гостинот,  Ван […]

Пораст на нивото на водата во Охридското Езеро за четири сантиметри


Нивото на водата на Охридското Езеро изминатите денови се покачи за четири сантиметри, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината. Водостојот на денеска се наоѓа на котата од 693,29 метри надморска височина, што е за 20 сантиметри пониско од просекот за март. Независно врнежливото време изминатите денови, временските прилики се се уште неповолни […]