​Муцунски на „Генералка викенд“: Аеродром е европска, зелена и чиста општина – наспроти вистинската слика


Oпштина Аеродром е најзелена општина во Македонија и ние секоја можност ја користиме да инспирираме промени и да повикаме на единство во остварување на заедничкиот интерес – чиста, зелена и здрава животна средина, велат од Општината, најавувајќи учество во „Генералка викенд“, што по трет пат се одржува во организација на Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Овие дечиња сработија
 
Во насока на остварување на оваа цел, денеска на повеќе локации низ Аеродром се одржа традиционалниот настан „Генералка викенд“, што претставува масовна акција за чистење на животната средина, но и подигнување на свеста за соодветно одлагање и управување со отпадот. 
Поддршка на акцијата даде и градоначалникот Тимчо Муцунски кој заедно со ученици од „Лазо Ангеловски“ се вклучија во онлајн разговор каде зборуваа за денешното чистење во Аеродром, проектите насочени кон подобрување на животната средина, едукација на најмладите, реализација на еко проекти и потребата за одговорност кон средината која живееме. 
 
Општина Аеродром е пример за одржливост и пионер во делот на политиките поврзани со животната средина. Со активното вклучување во „Генералка викенд, но и со поддршката на други вакви настани ги потврдуваме заложбите за зелена, чиста и европска општина.
 
Вистинската слика на Аеродром деновиве
 
Инаку, додека се најавува генералното чистење на општината, жителите мака мачат со бездомните кучиња, но и високите треви, па на социјалните мреќи деновиве можеа да се забелеажт безброј постови ос неискосена треваа. Онаму каде беше искосена, остануваа огромни кругови недоисечена трева околу дрвјата, но и искосеното стоеше расфрлано по патеките. 
 
Сето тоа „зачинето“ со неизоставниот отпад од амбалажи. Погледнете дел од Ново Лисиче вчера попладне околу зградата каде гравитираат неколку маркети, а до нив е недоградената црква „Света Софија“.