(Фото галерија) Мостот „Беласица“ во Скопје опасен за минување по пожарот

Мостот кај железничка ќе остане затворен за собраќај, по пожарот што го зафати синоќа


Мостот „Беласица“ (Фото: Б. Грданоски)

Мостот „Беласица“ кај Железничката станица во Скопје ќе биде затворен целосно за пешаци и за моторни возила се додека не се санираат штетите од пожарот кој го зафати долниот дел кој ги поврзува железничката станица и трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ и се додека постои опасност од одронување на бетонски парчиња со кои е премачкан мостот.

Мостот „Беласица“ (Фото: Б. Грданоски)

Ваква одлука донесе Градот Скопје, а ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. „Независен“ направи фотографии од мостот кои го покажуваат обемот на штетата што е направена и за која допрва ќе се утврдуваат причините. 
Мостот „Беласица“ (Фото: Б. Грданоски)

 
 
Фото: Б. Грданоски