Без струја делови од Аеродром и Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

Без струја денеска ќе бидат делови од Аеродром и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 9 до 13 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Тодор Чангов“ – улица 22 во општина Аеродром, додека, од 9 до 12 часот, струја ќе нема на улицата „Караџица“, дел од улицата „Милан Мијалковиќ“ и улицата „Кара Трифун“ во општина Кисела Вода.