„Инвестираме во знаење – помагаме на планетата“ по повод Денот на планетата Земја


По повод Денот на планетата Земја, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)  денеска во Скопје организира настан „Инвестираме во знаење – помагаме на планетата“.   Како што информираат од МЖСПП, настанот ќе го отварат министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, в.д амбасадорот на САД Ерик Мејер и заменик координаторката на […]

Почнува Заедничката операција на Фронтекс во Македонија


Во Полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, денеска на свечена церемонија ќе биде означено официјалното започнување на Заедничката операција на Фронтекс во Република Северна Македонија. На свеченоста ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, извршниот директор на Фронтекс Ханс Лејтенс, амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и Лена Дупонт – член на Европскиот […]

Сончево, попладне со дожд


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде особено на југот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток. 20 април 2023 година, 110-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 255 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 46 минути, а ќе зајде во 19 часот и 20 минути. Денов трае 13 часа и 33 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 5 часот […]

Сопиште утре без вода


Поради технички зафат во резервоарот во Сопиште, утре прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населено место Сопиште. -Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до 18 часот. Во наведениот временски интервал можни се прекини на водоснабдувањето во населените места Ракотинци и Добри дол, информираат од Од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Поставени фотоволтаици за производство на струја на покривот од Основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино


Поставени се фотоволтаици за производство на струја на покривот од Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, информираше попладнево директорката на училиштето Елена Стојанова. Вкупната вредност на проектот е  2.573.311.55 денари. Училиштето постои 50 години и овде се школуваат 778 ученици, заедно со подрачните училишта.    – Поставувањето на фотонапонски панели ќе доведе до голема […]

Карпош ќе добие нова техничка опрема за подобро одржување на зеленило и хигиена


Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски најави набавка на нова техничка опрема, со што дополнително ќе се зголеми квалитетот на одржување на зеленилото и хигиената во општината. Јакимовски нагласи дека ефикасноста во одржувањето на хигиената во Карпош, е, во голема мера подобрена во однос на претходната година, благодарение на ангажманот на вработените и покрај тоа […]

„Шанса за Центар“ да престанат со манипулациите околу „Треска“, велат од Општина Центар


На денешната прес-конференција, советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнесоа низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрламе, велат од Општина Центар. Според нив, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. -На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу […]

Внимавајте каде аплицирате за ЕТИАС, Фронтекс предупредува за 50 различни веб страници


Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) ги предупредува граѓаните дека постојат 50 различни веб страници на Системот за информации за патување и овластување на ЕУ (ЕТИАС) кои се на повеќе јазици, при што не сите се безбедни за користење за граѓаните. Како што е познато, ЕТИАС ќе стартува во 2024 година и ќе важи […]

Општините и планските региони можат да аплицираат на Јавниот повик на УНДП за финансирање техничка документација


Општините и планските региони имаат можност да добијат квалитетна техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти на нивната територија, кои имаат клучно значење за подобрување на условите за живот на граѓаните. Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го објави Јавниот повик за финансирање техничка документација на кој можат да аплицираат сите локални самоуправи и осумте центри за […]

И Крива Паланка ќе добие контејнери од парите од продажбата на пластични ќеси


Идентификувана потребата и најавено вбројување на Крива Паланка во општините со изготвен катастар на загадувачи, доделување контејнери за пред селекција на отпад од средствата од продажбата на пластични ќеси и проекти од круцијална важност за поголем број население во општината. Ова се дел од темите за кои се разговараше на работната средба меѓу министерката за […]

Делницата од пругата кон Бугарија, минува низ густо населено место во Куманово, преземни мерки за заштита


Претставници на Општина Куманово имале средби и разговори со претставници на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, Железници на Република Северна Македонија за трасата која поминува низ населеното место во Куманово, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.   Една од трасите поминува низ населбата Бавчи, од над маркет сѐ до Спомен костурницата. Таму општината предвиде изградба на улица, […]

Шанса за Центар: „Треска“ ќе се бетонизира, зошто Герасимовски си го погазува зборот? 


  Деновиве се објави дека се издадени првите одобренија за продажба на државно земјиште во комплексот Треска. Со тоа се дооформуваат парцели што е чекор пред издавање на градежни дозволи. Потсетуваме дека 47 отсто д целокупното земјиште на таа локација е државно. Тоа значи дека ќе се гради според незаконскиот план скандалозно донесен во 2012 […]

Општина Кисела Вода и „Меѓаши” со проект за унапредување на детските права


Преку 30-месечен проект, финансиран од Делегацијата на ЕУ, ќе се унапредува заштитата на правата на децата преку изготвување локален акциски план во општините низ Македонија. Проектот опфаќа пет општини, а Кисела Вода е единствената скопска општина каде веќе се спроведуваат активности во насока на зајакнување на капацитетите за унапредување на локалното стратешко планирање и воведување […]

Ратификувани договорите за личните карти и дипломите од Отворен Балкан


Собранието на 111-та седница ги ратификуваше трите договори во рамки на Берлинскиот процес – за меѓусебно признавање на личните карти, универзитетските дипломи и професионалните квалификации. Откако матичните комисии не доставиле дополнет предлог, пратениците без расправа ги донесоа:  Законот за ратификација на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, Законот за ратификација на […]

Огромно мнозинство од 85,9 отсто од повозрасните не добиваат надомест за туѓа нега


Најчесто децата – во 43,2 осто од случаите, а потоа сопружникот – во 27 отсто од случаите се тие кои пружаат долгорочна нега на повозрасните граѓани во Македонија, а за тоа ниту се обучени, ниту добиваат некаков паричен надомест. Како што покажа студијата „Пристап до услуги за долготрајна нега во Северна Македонија“, во рамки на […]

Петок неработен за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 21 Април 2023 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.    Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска […]

На докторот од Тетово може доживотно да му се одземе лиценцата


Анестезиологот Ваљон Дервиши од Тетовската болница може да остане без лиценца за работа доживотно, но откако ќе заврши судскиот процес, потврди министерот за здравство Фатмир меџити. Тој рече дека на докторот лиценцата му е одземена на седум годинии, а тој во моментот е во притвор осум дена. Непотврдените тврдења дека истиот дотор знаел да дојде […]

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“


 Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, бара од Министерството за животна средина и просторно планирање во летниот период повторно да почне со работа Хидросистемот „Ѓавато“, од кој до лани се полнеше езерото. Според Ангов, Дојранското Езеро нема проблем со нивото на водата, кое на некои места ја надминува нулта котата, но во летниот период доаѓа до […]