Утрово земјотрес во Штип


Нов земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран утрово во 4:22 часот на 74 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Земјотресот бил почувствуван од населението во Штип и околината, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Презентација на Годишниот извештај за слобода на информирање на Западен Балкан


Во Скопје денеска ќе биде презентиран годишниот извештај на БИРН за слобода на информирање на Западен Балкан за 2022 година. Предвидени се две сесии, првата ќе биде посветена на презентација на извештајо, а втората е предвидена за дискусија за пречките и активностите во рамки на иницијативата „Отворено владино партнерство“. Ќе присуствуваат новинари од повеќе земји, […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

Променливо облачно, попладне со краткотраен дожд


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 19 април 2023 година, 109-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 256 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 48 минута, а ќе зајде во 19 часот и 19 минути. Денов трае 13 часа и 30 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 5 […]

Тасева: Договорите на „Бехтел и  Енка“ завршуваат 40 отсто поскапо од договореното


„Бехтел и  Енка“ важи за една од најнетранспарентните компании во светот, нивните договори секогаш завршуваат со 40 отсто повеќе од договореното, изјави вечерва во „Топ тема“ Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“,во врска со предложените измени на осум законски решенија што се поврзани со автопатите од коридорите 8 и 10Д. „Кога читав, подготвувајќи се емисијава, најдов […]

Продолжен рокот за учество на обука и можност за патување во САД


Рокот за пријавување за учество на обука за Новинарство засновано на податоци и визуелизации на податоци е продолжен до 24 април. Младите кои ќе се пријават за учество, покрај тоа што ќе ја проследат тридневната обука, ќе имаат можност да поминат еден месец како практиканти во медиумите на Фондацијата Метаморфозис, а двајца од нив ќе […]

Битиќи: 600 ученици од ОУ „Лирија“ ќе следат физичко образование во модерна спортска сала


„Над 600 ученици од Основното Училиште „Лирија“ во Општина Чашка, од наредната учебна година, предметот Физичко образование ќе го реализираат во новата спортска сала која се гради, за која се одвоени над 317 илјади евра од ТАВ програмата”, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и […]

Министерството за здравство ќе набави современи системи за мерење гликоза во крвта


Владата, на предлог на Министерството за здравство, на денешната 147. седница ја разгледа и усвои и Информацијата за давање согласност, за преземање обврски за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во наредните три години, на Министерството за здравство, за набавка на систем за следење (мониторирање) на гликоза. Како што информираат од владината прес-служба, станува […]

Вратен на работа еден од цариниците кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца во странство


Царинската управа на РСМ за Порталб.мк потврди дека двајцата цариници кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца да ја помине границата со Бугарија се казнети, односно едниот бил отпуштен од работа, а другиот бил казнет со намалување на платата за 15 отсто за период од шест месеци. Вториот цариник веќе е вратен на работното место. […]

Предметот Етика во религиите останува да биде дел од образовниот систем


Предметот Етика во религиите останува изборен предмет во наставниот план за деветгодишното основно образование, за учебната 2023/2024 година, соопшти Министерството за образование и наука. „Согласно Концепцијата за основно образование, што етапно се воведува, во учебната 2023/2024 година освен задолжителни предмети има и два изборни предмети – втор странски јазик и слободни изборни предмети. Бирото за […]

Владата го назначи Агрон Речи за Државен правобранител


Владата денеска донесе одлука да го именува Агрон Речи за Државен правобранител на Република Северна Македонија, според процедурите, на предлог на министерот за правда, а по спроведен Оглас. Новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство – Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година. По професија е […]

Без вода утре корисници од ул. „Козле“


Прекин во водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од ул. „Козле“, од бр. 1 до бр. 55, поради водоводен приклучок ф80мм на таа улица. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на зафатот.

Лекарската комора може да му ја одземе лиценцата на анестезиологот од Тетово најмногу до 7 години


Лекарската комора одлучи да покрене постапка за анестезиологот Ваљон Дервиши од Тетовската болница пред судот на честа. Обвинителот на Судот на честа на ЛК ја прифатил пријавата и доставил обвинение против. -Со предлог да му изрече мерка за одземе на лиценцата за работа, согласно правните регулативи, информираа денеска од Лекарската комора. Од таму се извинија […]

Град Скопје со мост ќе ги поврзе Маџари и Лисиче?


Освен пешачки мост, според Генералниот урбанистички план бил зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари, објави „Вечер“. Град Скопје деновиве подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците „Февруарски поход“, „Маџари“, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1“ како и […]

Општина Охрид го поништи Јавниот повик за субвенционирање инвертери за 2023 година


Општина Охрид го поништи повикот за субвенционирање на граѓаните при купување системи за затоплување – инвертер клими за 2023 година. Во соопштението од Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид се посочува дека согласно доставениот Ревизорски извештај и Решението за поништување донесено од страна на градоначалникот се поништува Јавниот повик од 6 април за субвенционирање на […]

Промовирана програмата „Дигитална ера“ – реформи и агенција за дигитализација


Суштински реформии, дигитализација на сите нивоа во државата преку обебзедување брзи услуги за граѓаните и основање агенција за дигитализација, најави денеска Владата која ја промовираше програмата „Дигитална ера“ што ја подготви Министерството за информатичко општество и администрација со активности за реализација на дигитализацијата на процесите во државава. Премиерот Димитар Ковачевски најави целосно функционален едношалтерски систем […]

МОН ретроактивно ќе исплаќа стипендии и зголемен надоместок за студентски оброк


Ќе се потпишуваат спогодби за ретроактивна исплата на зголемените износи на ученички и студентски стипендии  Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/22 година и доставиле анекси кон нивните договор за изедначување на стипендијата, ќе можат да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретоактивна исплата на […]

Владимир Талески со мобилен телефон во ќелијата на прилепскиот затвор


  БИТОЛА – Со мобилен телефон в рака, екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески, е во затворската ќелија во прилепскиот затвор. По долна маичка, со тренерки и влечки, Талески е најверојатно фотографиран без да знае, од друг затвореник во ќелијата, кој, најверојатно, исто така користи мобилен телефон. На фотографијата се гледа дека Талески е во разговор […]

Одложена расправата за законот за работните односи


Одложена е расправата на Собраниската комисијата за труд и социјална политика, на која требаше да бидат разгледани измените на законот за работните односи. Со законските измени, група пратеници од власта, предлага прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела и повеќе од 190 часа годишно во случаите […]