Земјотрес почувствуван во дебарскиот крај


Земјотрес од 3,2 степени според Рихтер утрово во 10.14 часот беше почувствуван во дебарскиот крај, објави сајтот „ЕМСЦ“.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 31.05.2023 година регистрираше земјотрес 89 km југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Охрид-Струга.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 10 часот и 14 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала и од населението во Ресен, Струга, Вевчани и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.