Научно-технолошка конференција за традиционалните индустрии и креативните сектори


 „Традиционалните индустрии и креативните сектори испречени на патот на економската криза“ е насловот на научно-технолошката конференција што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија во соработка со организацијата „Македонија 2025“. Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а во рамки на конференцијата поздравни обраќања ќе имаат Фатмир Битиќи, […]

Тркалезна маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“


– Тркалезна маса на тема „ Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Владата, канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC) и германската Агенција за меѓународна соработка (GIZ). Како што соопштија од владината прес-служба, воведни обраќања на настанот ќе имаат вицепремиерката задолжена за […]

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат од населба Чашка кон селата во општината


Општина Чашка ги информира возачите дека поради градежни зафати на тунелот во населба Чашка денеска и утре сообраќајот на регионалниот пат кој поминува низ населба Чашка ќе биде во прекин. Како што информираат од општината прекинот ќе биде во периодот од 09 до 14 часот.

Хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“


– Хуманитарен концерт насловен „Звукот на човечноста“ ќе се одржи вечер во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, во организација на „Елеуса“ Фондација. Како што соопштуваат од Фондацијата, ова е прв настан од ваков вид, во нивното портфолио како организација, но и ревијален настан за заедницата. Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за […]

Државен испитен центар стапи во штрајк


Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму. -Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен […]

Синодот утре ќе одржи седница на која треба да одлучи за обединување на МПЦ-ОА и ПОА


Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, објави порталот религија.мк. Во Синодот во полн состав, според Уставот на МПЦ-ОА, членуваат сите епархиски […]

Целиме кон заштеда на енергија од 9.400 MWh и намалување СО2 повеќе од 16.000 тони годишно


 На денешниот состанок на претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската банка за обнова и развој и дел од општините во државата беа презентирани можни решенија за енергетска ефикасност за 13 прочистителни станици за отпадна вода во Северна Македонија. Како што информираат од министерството можните решенија биле изработени во рамки на Студијата […]

МЖСПП ќе помогне Општина Струмица да воведе електричен јавен превоз


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна посета на општина Струмица, при што со градоначалникот Костадин Костадинов разговараа за предизвиците со кои се соочува општината во делот на заштита на животната средина и поддршката што МЖСПП може да ја понуди во ефикасна реализација на поставените цели .   Градоначалникот Костадинов информираше за […]

Во Скопје в среда дезинсекција против ларви од комарци


Втората фаза од дезинсекцијата во главниот град против ларви од комарци ќе биде извршено во раните утрински часови во среда, соопштија од Град Скопје. Како што информираат од Градот, авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 26.04.2023 (среда), во раните утрински часови. Додека терестричната дезинсекција (втора фаза) […]

Денеска издадени речиси 10.000 рецепти за висок притисок и 8.000 за дијазепам


Денот не е завршен, а на македонските граѓани денеска, до 16 часот, веќе им биле издадени речиси 9.800 рецепти за лекот „еналаприл“, 8.700 рецепти за „метформин“ и 8.000 рецепти за „дијазепам“, покажуваат податоците на веб-платформата Е-здравство, која беше промовирана денеска. Лекот „еналаприл“ е за хипертензија, односно за висок крвен притисок, „метформин“ е лек за дијабет, додека […]

Достапните дигитални здравствени услуги интегрирани во Е-Здравство


 Министерството за здравство и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје денеска ја промовираа веб-платформата Е-Здравство која ги интегрира сите достапни дигитални здравствени услуги на едно место. Платформата на македонски и на албански јазик ќе нуди информации од јавен карактер поврзани со здравството, опис и промоција на актуелни програми достапни за граѓаните, регистри и аналитички извештаи кои […]

Шукова: Ќе ја разгледаме можноста за повторно вклучување на Хидросистемот „Ѓавато“


Со оглед на тоа дека се стабилизираат цените на струјата во последно време ќе ја разгледаме можноста и доколку стигне барање од општините дека е потребно да се пушти Хидросиостемот во летниот период, да речеме еден или два месеци за потребите на граѓаните, ќе го разгледаме тоа прашање, одговори министерката за животна средина и просторно […]

Спасовски: Ќе има кривични пријави против групата што испраќаше хибридни закани


  Во моментов се работи на вештачењето на материјалите и на доказите за да можат да бидат поднесени кривичните пријави против лоцираната група која што изминатиот период испраќаше хибридни закани, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Во одговор на новинарско прашање за групата која преку ај-пи адреси во Иран и Русија праќала закани, […]

Меџити за набавката на „Трикафта“: Не зависи сѐ од нас


Иако се изгласани законски измени, бавно оди набавката на лекот „Трифакта“. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека проблемот го наследил и дека откако е тој на челната функција во изминатите два месеца, формирал комисија што порано ја немало. Не прецизираше кога најдоцна би стигнал лекот „Трикафта“ и за останатите пациенти што го чекаат, а на […]

МНР: Нема наши државјани во Судан


Oд почетокот на тензиите во Судан не се регистрирани повици од наши државјани на кои им е потребна помош, информираат од Министерството за надворешни работи. Од таму дополнуваат дека според досегашните информации добиени од нашата Амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата. – Во […]

Одземена лиценцата на анестезиологот од болницата во Тетово


  Судот на честа при Лекарската комора на  Македонија на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од седум години, што согласно правните прописи е максимална казна што може […]

Арсовска на гости кај Станивуковиќ, ќе се збратимуваат Скопје и Бања Лука


На покана на градоначалникот на Бања Лукa, Драшко Станивуковиќ, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес се одржа официјална работна средба на која се разговараше на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка. Градот Бања Лука е економски, политички и културен центар на Република Српска, и […]

Петровска ја пречека австриската министерка за одбрана Клаудија Танер


Со церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Скопје ја пречека австриската министерка за одбрана Клаудија Танер, која е во официјална посета на Република Северна Македонија. По пречекот, австриската министерка за одбрана Клаудија Танер се потпиша во книгата на впечатоци во Министерството за одбрана, двете министерки […]

МОН: Грантови до 7.000 евра за училиштата за активности за меѓуетничка интеграција


Истекува рокот за аплицирање на повикот на Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за доделување на грантови со кои ќе се финансира спроведувањето на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и јазици на територијата на Република Северна Македонија. Министерството за образование и наука ги потсетува […]