Поради протест во прекин сообраќајот Росоман – Кавадарци


Сообраќајот на патниот правец Росоман – Кавадарци е во прекин поради протест.

Како што информираат од АМСМ, сообраќајот е во прекин од 11:00 часот.

Земјоделци го блокираа патот Градско – Прилеп
Во саботата на пладне, земјоделските производители од Росоман и Градско протестираа и го  блокираа регионалниот пат Градско – Прилеп, кај клучката за Кавадарци.

Револтот е поради проблемот со каналот за наводнување, а блокадата на патот остана до 14 часот.

Земјоделците бараа брза санација и реконструкција на сифонот Макарија, но и алтернативен начин за наводнување, додека се работи на санација, бидејќи без вода за наводнување е загрозено земјоделското производство, а со тоа и нивната егзистенција.