САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донација за поголема безбедност во сообраќајот


Традиционално и оваа година, во пресрет на 28 Август – Денот на рударите, рудникот САСА, за своите над 760 вработени обезбеди парични награди и пригодни подароци. Дополнително, вкупно 122 вработени, меѓу кои најдобриот рудар во САСА за изминатата година, како и оние што дале особен придонес за безбедноста и здравјето при работа и за остварување […]

Безбедносен форум во Охрид: Војната во Украина дополнителен притисок врз безбедносната ситуација на Западниот Балкан


Теми од областа на безбедносната и регионалната соработка, со прашања од областа на критичната инфраструктура, геополитичката ситуација и како таа се имплицира врз регионот, секако и од аспект на ситуацијата околу Украина, ќе бидат дискутирани и разгледувани на регионалниот Безбедносен форум „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западниот Балкан“ што во организација на […]

Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени


Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.  До понеделник, како што соопштуваат, ќе се задржи многу топло и насекаде ќе биде активно жолтото ниво за опасност од висока температура. Во понеделник кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и во вторник ќе биде променливо […]

За струшката депонија ќе слушне и Стразбур


Судот во Струга донесе одлука со која ја отфрли тужбата против дивата струшка депонија, прогласувајќи се за ненадлежен да решава по однос на депонијата. „Ваква одлука судот ја донесе по одржани седум рочишта каде беше изведен и доказ со увид на лице место, иако обврска на судот е прашањето за уреденост на тужбата да ги цени во фаза […]

Централната железничка станица во Брисел – центар на криминалот и дрогата


Брисел – Околу 40 здруженија на станари од реонот околу Централната железничка станица во Брисел во белгиските медиуми објавија отворено писмо до политичарите, барајќи од нив да преземат мерки против тенденција на раст на криминалот и употребата на дроги во тој дел на главниот град на Белгија. Писмото на загрижените жители на овој реон, следи откако […]

Архиепископот г.г. Стефан во манастирот во Матка ќе чиночалствува со Божествената литургија за Успение на Пресвета Богородица


Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан задутре на одбележувањето на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица ќе чиноначалствува со светата Божествена литургија (8:30) во манастирот во Матка, крај Скопје.   Во предвечерието на празникот утре во 18:30 часот во манастирот Успение на пресвета Богородица ќе се одржи вечерна богослужба, а во 23:40 часот […]

Посебен режим на сообраќај ноќта меѓу недела и понеделник на Илинденска во Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги „Мелем продукција“ ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје. Во периодот од 23.00 часот на 27 август до 06.00 часот на […]

Лажетиќ: Отсуството на наши универзитети во првите 1000 треба да нѐ загрижи


Рангирањето мора да биде континуиран мотив за преоцена на критериумите за квалитет во високото образование, а не на него да се навраќаме само при годишното објавување на Шангајската листа. Отсуството на наши универзитети во првите 1000 треба да нѐ загрижи и да нѐ соочи со фактот дека високото образование не смее да се гледа одвоено […]

Таму кај што најмногу треба, недостига кадар и опрема за справување со климатските промени


Поплави со материјални штети и жртви поради силни дождови, суши и продолжени топлотни бранови кои ги уништуваат посадените земјоделски површини и родот на земјоделците, шумски пожари кои уништуваат огромни пространства со дрвја, појава на подзаборавени тропски болести, пропаднати туристички сезони кај скијачките центри поради недостиг на снег и ниски температури се само еден дел од […]

Регионална конференција „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“


Во Охрид денеска почнува регионалната конференција „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“. Конференцијата ќе трае до вторник, а организатори се Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината организација Маршал центар од Република Северна Македонија. Стабилноста на Балканот […]

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 26 август 2023 година, 238-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 127 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 53 минути, а ќе зајде во 19 часот и 18 минути. Денов трае 13 часа и 25 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

МВР со детали за пукањето во гаражите на „Ист Гејт“, од молот велат продолжуваат нормално со работа


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека е пукано кон Р.Т. (39) од Скопје во гаражите на трговскиот центар „Ист Гејт“, но дека нема повредени лица. – На 25.08.2023 околу 15:50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало […]

Општина Ресен ќе врши надомест за претрпена материјална штета од временска непогода


Општина Ресен објави јавен повик за пријавување штети на земјоделските насади од природна непогода, врнежи од град на територијата на Општина Ресен. Од Општина Ресен информираа дека граѓаните кои претрпеа штети од невремето што се случи во текот на вчерашниот ден, тоа треба да го направат со пријавување во локалната самоуправа, да информираат за видот […]

Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент


Косовскиот адвокат Бесник Бериша денеска изјави дека судот во Приштина го ослободил неговиот клиент Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Северна Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Бериша за порталот „Сињали“ (sinjali.com) изјавил дека надлежниот обвинител во случајот го повлекол […]

Европската делегација во Скопје одобри изградба на велосипедски патеки во Битола


  БИТОЛА – Европската делегација во Скопје дала согласност за изградба на велосипедски патеките во Битола во рамките на европскиот пограничен проект „Smart4you2“. Оваа информација за „Независен“ ја потврдуваат од канцеларијата на Европската делегација во Скопје, откако противењата и кавгите во битолскиот Совет меѓу власта и опозицијата се прекршија и врз овој европски проект каде […]

„Балканот не е мртов“- ново филмско дружење на отворено во Градски парк


За оваа сабота (26.08.2023 година) Градот Скопје закажува ново филмско дружење на отворено, овојпат со проекцијата на „Балканот не е мртов“ од режисерот Александар Поповски. Киното на отворено ќе биде поставено на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, а филмот ќе започне во 20:30 часот. Како дел од богатата културна […]

Меџити ќе го истражи случајот во Центарот за јавно здравје во Куманово каде без микробиолог се издавале лабораториски резултати


Министерот за здравство фатмир Меџити најави дека инспекција во Центарот за јавно здравје – Куманово поради наводите дека се издаваат лабораториски резултати на пациентите, иако овој центар има забрана за вршење на дејност од Државниот инспекторат бидејќи нема микробиолог кој треба да им ги прочита резултатите. -Пред два дена сум запознаен за тоа дека нема […]

Министерството за правда сѐ уште не добило одговор на барањето за екстрадиција на Алил Демири од 2018 година


Барањето за екстрадиција на лицето Алил Демири од 2018 година е сѐ уште активна, информираат од Министерството за правда во врска со екстрадицијата на Демири, кој беше лишен од слобода вчера врз основа на издадена меѓународна потерница за сторено кривично дело „тероризам” во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро. Од Министерството за правда […]

Меџити тврди дека во иднина ќе нема доцнење на лекови


Министерот за здравство Фатмир Меџити при посетата на поликлиниката Јане Сандански во Скопје, уверува дека повеќе ќе нема доцнење на лекови. Меџити при посетата разговараше со дел од матичните лекари и пациенти во врска со предностите од новата реформска мерка во примарната здравствена заштита каде беше пресретнат од пациентка со голема здравствена историја која го […]