Шаќири сака да ги одземе овластувањата на училиште во Гази Баба


Јетон Шаќири - министер за образование (Фото: Б. Богдановска)

Основното училиште „Његош“ и Општина Гази Баба не ја почитуваат одлуката на Државниот просветен инспекторат за поведување постапка за отворање паралелка на албански јазик во ова училиште. Пред неколку дена, просветниот инспекторат, по извршените инспекциски надзори, оцени дека во училиштето „Његош“ во моментов има доволно простор за прифаќање на 13 албански ученици од Идризово, за изведување настава на албански јазик во шесто одделение. Директорката на училиштето, Анета Цветкова, преку телефон рече дека не сака да коментира ништо во врска со дополнителната паралела.

Шаќири не ја отфрли можноста за одемање на овластувањата во случај да не се исполнат обврските кои произлегуваат од законот.

„Ако нема простор за проширување на постојните простории, ние како Министерство ќе го поддржиме финансирањето на тие простории. Ако, не сакаат проект во постоечките простории, изгледа дека на секој начин се обидуваат да спречат да има настава на албански јазик за шесто одделенците. Ако ништо не се земе во предвид, тогаш последното ќе биде, да разгледаме друга опција, ќе видиме да се најде одговорно лице кое ќе ги преземе обврските и ќе го спроведе она што му наложува законот. И покрај тоа што постои најава од (македонската) страна во овој процес дека ако им се одземаат надлежностите, ќе бојкотираат, но и тоа е демократски дел, без оглед дали има 13 или 100 ученици, тоа е демократски процес“, вели Шаќири.