До понеделник многу топло време, од вторник пад на температурите за неколку степени


До понеделник ќе се задржи многу топло време, информира Управата за хидрометеоролошки работа. УХМР за утре (сабота) во попладневните часови прогнозира развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи во јужните делови од земјава.  -Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд […]

МОН реагира на дезинформациите: Учениците ќе имаат учебници


Учебници за учениците ќе има. За време на летниот период годинава Министерството за образование и наука успеа сите одобрени учебници да ги испечати и до 1 септември тие ќе бидат испорачани до училиштата и на располагање на учениците. Еден мал дел учебници, кои не се испечатени, всушност сé уште се во постапка, односно за нивно […]

Започна втората фаза на уредување на новата Ботаничка градина во Скопје


Градоначалничката Данела Арсовска денеска изврши увид во уредувањето на новата Ботаничка градина каде што интензивно работат екипите на скопските ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“. Новата Ботаничка градина се уредува во рамки на Зоолошката градина и се простира на 12.600 квадратни метри, каде ќе бидат засадени повеќе од 4.600 уникатни дрвја и […]

Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните со новата реформа во ПЗЗ


Над илјада рецепти за хронична терапија за еден ден препишале матичните лекари со новата реформа во ПЗЗ, информираше денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.  Министерот Меџити денеска ја посети поликлиниката Јане Сандански во Скопје, каде разговараше со дел од матичните лекари и пациенти во врска со предностите од новата реформска мерка во Примарната здравствена заштита […]

Нема активни пожари, вчера изгаснати 28


 Регистрирани и изгаснати се вкупно 28 пожари на отворено во текот на вчерашниот ден, а денеска нема активни пожари, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК нагласуваат дека сите пожари се изгаснати, меѓу кои и најдолготрајниот пожарот што избувнал веднаш над селото Смоларе, на планината Беласица, којшто можел да прерасне во опасен […]

Промени во работното време ЈП Водовод и канализација – Скопје во понеделник


ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека шалтерите за наплата во дирекцијата на претпријатието н 28.08.2023 (понеделник), ќе работат во две смени и тоа од 07:30-19:00 часот. Наплатните пунктови во Сарај и Шуто Оризари нема да работат. Сите наплатни пунктови продолжуваат да работат со редовно работно време од 29.08.2023 (вторник). ЈП Водовод и канализација […]

Зголемен број автобуси до Матка за Голема Богородица


Во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во недела (27.08.2023 год) на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси. Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и во понеделник (28.08.2023 година) од 7 до 18 часот. Поголема фрекфенција на […]

Министерот Спасовски во работна посета на Подгорица


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе биде во  работна посета на Подгорица, Црна Гора. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Спасовски ќе оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, како и со министерот без ресор Зоран Миљаниќ. 

Без струја дел од Волково и од улица „Дамаска“


ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Волково и од улица „Дамаска“ во Карпош. Во периодот од 9.00 до 13.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од Волково, општина Ѓорче Петров. Во периодот од 9.00 до 14.00 часот, корисниците од улица „Дамаска“, непарни броеви од […]

Почнуваат Деновите на Мајка Тереза


Со изложба на мозаици од ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Изет Зеќири, денеска почнуваат Деновите на Мајка Тереза. Изложбата насловена „Мајка Тереза – од Скопје во Калкута” ќе биде отворена претпладнево во Спомен-куќата на Мајка Тереза. За утре е предвиден Поетски час на Друштвото на писатели „ОЕНЕУМ“ – Тетово, а на 29 август […]

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 25 август 2023 година, 237-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 128 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 52 минути, а ќе зајде во 19 часот и 20 минути. Денов трае 13 часа и 27 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Дожд и град предизвикаа штети во Ресен и околината


Силен дожд и град доцна попладнето го зафати градот Ресен и околните населени места во Преспа. Од Општина Ресен за МИА потврдуваат дека невремето, обилниот дожд, градот и грмотевиците предизвикаа штети кои ќе се евидентираат во текот на утрешниот ден. Силните грмотевици предизвикаа неколку часовен прекин во снабдувањето со електричната енергија во Отешево и неколку […]

За пречекот на Курти без државното знаме во Тетово ќе има прекршочен судски процес прoтив Општина Тетово


Тетовскиот градоначалник Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук објави покана од Основен суд Тетово, од каде бараат претставник на општината да дојде на судско рочиште на 15 септември поради сторен прекршок при пречекот на косовскиот премиер Курти, односно неспроведување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната. На Фејсбук-профилот, Касами само на албански јазик […]

Меџити: Отворени нови специјализации, годинава прв пат и на Медицинскиот факултет во Тетово


 Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска одржа средба со деканите на медицинските факултети во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, во Штип, проф. д-р Милка Здравковска  и претставник од деканатот на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Невзат Елези. На состанокот, како што информира Министерството за здравство, се разговараше за објавените нови огласи за специјализации на […]

Државата да го сноси трошокот барем за замена на валидните лични карти, бара омбудсманот Зибери


Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зибери во изјава за […]

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште


Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста. Дописникот на МИА кој беше на лице место денеска го регистрираше чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето […]

Армијата доби 120 нови подофицери и 150 професионални војници


Денеска во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес се одржа свечена церемонија за промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници. На свеченоста присуствуваа и се обратија министерката за одбрана Славјанка Петровска и Заменикот на Началникот  на Генералштабот генерал мајор Азим Нуредин. Армиските припадници од редовите на професионалните војници кои ja поминаа тримесечна […]

Политичкиот инает во Битола закочи европски проект од 400 илјади евра


БИТОЛА – Противењето на власта и опозицијата во Битола продолжува, а овој пат пречка на сопнување е европски проект и добиени средства од Европската Унија во висина од 400.000 евра. Едноставно кажано, прашањето е, дали да се реконструира објектот „Парк“, што е во целината на просторот на обновениот со европски пари Офицерскиот дом во Битола или […]