Во Косово приведен Алил Демири, баран за убиствата кај Смиљковското езеро


Полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, денеска во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното […]

Во обвинителствата има 380 вработени од потребни 1.100, некаде нема ни дактилограф


Обвинителствата немаат доволно кадри. Се зборува за зголемување на администрација, а никој не кажува дека токму во судството се намалува администрацијата, истакна претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на денешната изјава за медиумите по денешната седница на Советот во врска со разгледување и усвојување на Предлог проекцијата за буџетот на Советот и Стратешкиот […]

МНР: Тројца македонски државјани евакуирани од пожарите во Грција


Во пожарите во Грција, според досегашните информации добиени од надлежните институции на земјата, меѓу загинатите нема државјани на Северна Македонија. Има еден повреден државјанин на Северна Македонија, возач на камион чија приколка била опожарена додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис, соопшти Министерството за надворешни работи. -Возачот добил изгореници, кои се […]

Тренчевска: Барањата на пензионерите кои протестираат ќе бидат разгледани од Работната група


Барањата на пензионерите кои протестираат ќе бидат разгледани од работната група во која покрај претставници од институциитe, ќе бидат вклучени и претставници на Сојузот на здружениja на пензионери со цел да се изнајде заедничко решение, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска по пуштањето во употреба на нова градинка во општина Пробиштип.   […]

Зголем бројот на патници во патниот превоз


Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во второто тримесечје од годинава изнесува 12 586 илјади и во однос на истиот период лани е зголемен за 9.8 %, соопшти Државниот забвод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 11.0 %, во приградскиот за 6.5 %, […]

Сончево и многу топло и во наредните денови, температура до 38 степени


Претежно сончево и многу топло време ќе биде и следните денови. Ќе биде активно жолто ниво за опасност од висока температура. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.  Како што соопшти УХМР, најтопло ќе биде в недела и в понеделник, со максимална температура од 32 до 38 степени.  Во следните три […]

„Соседска патрола“ во Градскиот парк: Герасимовски со наставници, родители и претставници на МВР ги „проверуваа“ младите


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа заедно со родители, наставници и претставници на Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје ја посети „Соседска патрола“ кај младите во Градскиот парк. Патролата, чиј главен фокус се безбедноста и среќата на децата, е дел од кампањата на Министерството за внатрешни работи. На средбата Герасимовски, како што информираат […]

(Во живо) Ковачевски во Пробиштип на пуштањето во употреба на новиот објект „Срничка“


Проследете го обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски кој со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се во Пробиштип на пуштањето во употреба на новиот објект „Срничка“ во состав на детската градинка „Гоце Делчев“:    

Шукова на Собрание на Глобалниот фонд за животна средина во Ванкувер, Канада


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова се обратила на пленарната сесија „Решенија за здрава Планета: Интегрирани одговори за намалување на деградацијата  на животната средина на глобално ниво“ во рамки на седмото Собрание на Глобалниот фонд за животна средина што се одржува од 22 до 26 август во Ванкувер, Канада. Како што соопшти […]

Понеделник, Успение на Пресвета Богородица – неработен ден за православните верници


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 28 aвгуст 2023 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.  

(Фото) Марш во центарот на Скопје по повод Денот на независноста на Украина


 Украинците вторпат по ред го слават Денот на независноста на Украина во услови на жестока руска агресија против Украина. Сега, бранејќи ја својата независност, Украина крвари, порача амбасадорката на Украина, Лариса Дир на денешниот марш кој се одржа во центарот на Скопје. Маршот по повод Денот на независноста на Украина беше во организација на Амбасадата […]

Промоција на нови 120 подофицери во Армијата и свечена заклетва на 150 професионални војници


Во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес денеска ќе се одржи свеченост по повод промоцијата на нови 120 подофицери во чин водник и свечена заклетва на 150 професионални војници. На свеченоста ќе се обрати министерката за одбрана Славјанка Петровска. 

Меџити на терен по повод примена на новините кај примарната здравствена заштита


По повод почеток на примена на новините во областа на примарна здравствена заштита, министерот за здравство Фатмир Меџити ќе има теренска посета во ординацијата на доктор Марта Тунџева во ПЗУ „Доктор Кирил Атанасов“, информираат од Министерството. Како што се појаснува во соопштението, предвидено е посетата да започне во 11 часот. 

Без струја неколку општини во Скопје


Без струја денеска ќе бидат неколку општини во Скопје, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Според добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД денеска без електрична енергија во периодот од 08 до 12 часот, ќе останат дел од корисниците од улицата „Јани Лукровски“, „ЛЛ Гурмет“, „Аутомакедонија“, „Централна кооперативна банка“, „Макпетрол“, во општина Гази Баба. […]

Без вода дел од Маџир Маало


Поради уличен дефект на улицата „Преспанска“ број 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Маџир Маало, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се наведува во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, сѐ до завршување со санација на дефектот.

Украинската амбасада го одбележува Денот на Независноста на Украина


Амбасадата на Украина и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, денеска организираат настан посветен на Денот на Независноста на Украина, кој ќе се одржи во центарот на Скопје. Ова е втора година како Украина го одбележува Денот на Независноста во услови на војна од големи размери на Русија против Украина. Согласно програмата, настанот ќе започне со […]

Сончево и многу топло, попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 24 август 2023 година, 236-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 129 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 51 минута, а ќе зајде во 19 часот и 21 минута. Денов трае 13 часа и 30 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Локализиран пожарот кај село Љубин


Локализиран е пожарот кај селото Љубин, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. – Со прецизно дејство на трите авиони „ер трактори“ на ДЗС, како и едниот хеликоптер на МВР, пожарот е локализиран. Екипа скопски пожарникари вршат обиколка и догаснување на остатоците од пожарот, појасни Ангелов. Претходно, од ЦУК информираа дека избувнал […]