Објавени се резултатите за сместување во студентските домови за бруцошите


Фото: Б. Грданоски

Вселувањето во домовите започнува во понеделник, кога впрочем е и стартот на новата академска година.

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти во прва година запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година.

Вселувањето во домовите започнува во понеделник, кога впрочем е и стартот на новата академска година.

Според информации од Државниот студентски дом – Скопје (ДСД Скопје) од претходното вселување за повозрасните студенти, студентите примени во „Гоце Делчев“ или „Стив Наумов“ треба да се вселат лично, а доколку не се во можност да го направат тоа, може да ги всели член на семејството.

Оние студенти што не се задоволни од резултатите може да достават приговор директно во студентскиот дом во кој аплицирале, најдоцна пет дена од денот на објава на резултатите.

Објавени се резултатите и за сместување на студентите-бруцоши, но и за оние од повисоките години кои аплицирале во студентскиот дом „Тетово“. МОН ги повика овие студенти примени во тетовскиот студентски дом, од понеделник да потпишат договор во просторите на Министерството за образование и наука на 11 кат во канцеларија број 1102, во периодот од 10 до 15 часот.

Во меѓувреме, недостасуваат резултатите за студентите кои аплицирале за сместување во студентските домови во Штип. Од МОН до овој момент не соопштија дали и кога би објавиле резултати и за овие студенти.

Новинската агенција Мета.мк ги објавува резултатите со примени студенти во државните и приватните студентски домови.

ДСД „Гоце Делчев“ – Скопје

ДСД „Стив Наумов“ (3-та зграда) – Скопје

ДСД „Стив Наумов“ – нови бараки – Скопје

„Пелагонија“ – Скопје

Листа на чекање – Скопје

„Томе Стефановски – Сениќ“ – Скопје

Одбиени студенти – Скопје

ДСД „Орде Чопела“ – Прилеп

ДСД „Никола Карев“ – Охрид

ДСД „Кочо Рацин“ – Битола – примени

ДСД „Кочо Рацин“ – Битола – одбиени

ДСД „Тетово“ – бруцоши

ДСД „Тетово“ – повисоки години