Верниците денес го слават празникот Успение на Пресвета Богородица


Македонската православна црква и нејзините верници денеска, 28 август, го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица, која во народот е позната како Голема Богородица. Ова е значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус […]

За правосудството и антикорупцијата – спроведување, спроведување, спроведување!


Поглавјето 23 се состои од четири области: Правосудство; Антикорупциска политика; Темелни права; Права на граѓаните на ЕУ. Поради обемот на извештајот од скринингот за ова поглавје, му посветуваме две статии – првата за областите на правосудството и анти-корупцијата, а  втората за преостанатите области. Автор: Малинка Ристевска – Јорданова Acquis за правосудството поинтензивно се гради од Лисабонскиот […]

Сончево и многу топло, кон крајот на денот пороен дожд


 Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста, а преку ноќта и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 28 август 2023 година, 240-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 125 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 55 минути, а ќе зајде во 19 часот и 15 минути. Денов трае 13 часа и 19 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

ЦУК: Воспоставена делумна контрола на пожарот во Зелениково


Пожарникарите од Бригадата за протовпожарна заштита на град Скопје со подршка на Доброволното  противпожарно друштво од Зелениково воспоставиле делумна контрола врз пожарот што избувна попладне во Општина Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожарот во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица зафатил трева, нискостеблести растенија и ниска шума. Од ЦУК велат […]

Ќе се реактивира лекторатот по македонски јазик на Универзитетот во Тирана


Од новата академска 2023/2024 година повторно ќе функционира Лекторатот по македонски јазик при Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. Веста ја  соопшти претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај. – Ова е историски ден за нас Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромна радост и  задоволство да информирам дека добивме позитивен одговор на барањето […]

Лога разговарал со швајцарскиот државен обвинител за валканите пари на политичарите


Министерот за правда, Кренар Лога, остварил разговор со државниот обвинител на Швајцарија, Стефан Блатлер. „Отворен, пријателски разговор, во доверба, за нови патеки за соработка со државниот обвинител на Швајцарија,  Стефан Блатлер. Борба против организираниот криминал, валканите пари на политичарите и олигарсите, помош за реформа на правосудниот систем итн. Прозорецот за соработка останува отворен за понатамошни состаноци […]

Ангажирани два полициски хеликоптера поради разгорување на пожарот кај Ајватовци


Поради разгорување на пожарот кај Ајватовци на два крака, два полициски хеликоптера се вклучени во гасење на пожарот кај Ајватовци, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој исто така вели дека на лице место гасат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада но и доброволци од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, […]

„Еуровиа“ која го доби тендерот од МНР за конференцијата на ОБСЕ е најголем донатор на ДУИ


Градежната фирма „Еуровиа дооел“ од тетовско Желино, која за 1,8 милиони ќе го преадаптира Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за министерската конференција на ОБСЕ, лани била најголем донатор на владејачката ДУИ. „Еуровиа“ го доби тендерот од Министерството за надворешни работи и го склучи договорот на 21 август откако понудила далеку најниска цена што било и единствен […]

Можно е и оваа учебна година да почне со штрајк


  Во образованието се незадоволни од тоа што не им се почитува колективниот договор, од ниските плати, од најавените промени кои се против законот, па постои можност учебната година да почне со штрајк, вели Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат на образование и наука во интервју за Радио Слободна Европа. -Станува збор за огромно незадоволство […]

„Комунална хигиена“ чистеше депонии околу МРТВ


ЈП Комунална хигиена – Скопје и ЈП Градски  паркинг викендов реализираа заедничка акција за генерално чистење на просторот зад зградата на МРТВ, во која беше опфатена улицата покрај кејот на реката Вардар, односно потегот од булеварот „Крсте Мисирков“, паркинг-просторот зад МКЦ, сè до големиот паркинг-простор на влезот во просториите на МВР. Како што информираат од […]

На Табановце се чека 40 минути за влез и излез од државата


Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира АМСМ.  Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од […]

Во Скопје прв слободен термин за лични документи во декември, во другите градови во септември


Со името Република Северна Македонија веќе се издадени околу 1.000.000 патни исправи и над 800.000 лични карти, а останатите, согласно Договорот од Преспа ќе треба да бидат заменети до 12 февруари следната година.  Од Министерството за внатрешни работи за МИА уверуваат дека сите граѓани на кои им е потребна патна исправа, лична карта или друг […]

Сончево и многу топло, попладне можност за краткотрајна нестабилност


 Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, попладне во југоисточните делови со услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 32 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе […]

Ангелов: Гори релативно мал крак кај Ајватовци, поддршка од воздух не е потребна


Нема потреба од поддршка на воздухопловните сили за гасење на пожарот кај скопско Ајватовци во раните утрински часови. Неизгаснат остана само еден релативно мал крак. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје со поддршка од локалното население пожарот ќе биде следен, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), […]

Ангелов: Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола


Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е поголема површина од најмалку 30-тина хектари од кои поголемиот дел е зимзелена шума, посочи вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. -Постои опасност од ветерот пожарот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе […]

Алиу ќе учествува на Бледскиот форум


Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу ќе учествува на Бледскиот стратешки форум што утре ќе се одржи во Словенија. Алиу ќе биде дел од министерскиот панел, кој годинава за тема на дискусија ја има „Дигиталната трансформација во регионот на Западен Балкан“. Конференцијата е собир на учесници од различни области за размена на мислења […]

Утре посебен сообраќаен режим во Сарај


Утре во текот на претпладневните часови ќе има посебен сообраќаен режим на автопатот А2, клучка за Сарај и на улицата „Љубин“ во Сарај. Како што информираат од ЕВН Македонија АД, посебниот сообраќаен режим ќе биде воведен поради изведба на проект за демонтажа на енергетскатата мрежа.

Нов шумски пожар избувна на територијата на Општина Илинден


Околу 16 часот избувна нов пожар кај селата Бучници и Ајватовци, на територијата на Општина Илинден во борова шума и се шири со голема брзина. Ангажиран е еден Ер трактор за гасење на пожарот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Денеска околу 16:00 часот избувна шумски пожар кај село Бучинци и Ајватовци – општина […]

Пожарот во општините Чешиново-Облешево и Пробиштип интензивно се гаси од воздух


Пожарот кој од вчера доцна попладне беснее на територија на Општина Чешиново-Облешево, a се прошири и на територија на Општина Пробиштип, интензивно се гаси со воздухоплови, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.  Огнените јазици се гаснат со два полициски хеликоптери и еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, а […]