Заеднички ќе се креираат политики за минималната пензија


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска имаше средба со претседателот на Партијата на пензионери, Илија Николовски и претставници од партијата. На средбата се разговараше за актуелните барања на пензионерите за покачување на пензиите, како и потенцијалните решенија кои можат да донесат подобар квалитет на живот на ранливите категории на пензионери, соопшти МТСП. Од […]

Арсовска, место да одговара на советнички прашања, била на терен со граѓаните


Советот на Град Скопје денеска не ги одржа двете закажани седници за поставување советнички прашања и за спроведување проекти предложени од градоначалничката, затоа што Данела Арсовска не се појави во салата. – Денеска треба да имаме две седници, едната е за советнички прашања, а другата редовна седница на Советот на Град Скопје. Како што се […]

Учениците да не се користат за дневна политика вели Шаќири по најавата за протести


Повисоки плати за наставниците од први септември, најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес-конференција, што според него ќе биде уште една мотивацијата на наставниот кадар. „Нивниот личен приход во 2022 и 2023 година го зголемивме за 18,4 проценти, и оваа политика ќе продолжи. Најавувам дека како резултат на дискусиите со репрезентативниот […]

Шаќири не чувствува одговорност што шестооделенците ќе добијат книги на крај на септември


Третооделенците за неколку дена од почетокот на учебната година, треба да ги добијат учебниците кои се во печатење, а шестооделенците ќе почекаат до крајот на септември, но министерот за образование Јетон Шаќири не чувствува одговорност за тоа. – Јас како министер целата постапка ја имав завршено на крајот на јули. Не учествувам како министер, или […]

Кампањата за ЕУ почна во манастирот Пантелејмон, реновирањето платено со европски пари


   Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во рамките на кампањата „Ние сме Европа“, го посети манастирот „Свети Пантелејмон“ на Водно. За реновирање на ѕидините на манастирот и амбиентот околу него, како што потенцираше, биле вложени европски средства преку прекуграничната програма со Косово. Маричиќ во изјавата дадена при посетата на манастирот истакна дека македонското културно […]

Вработените во Водостопанство бараат плати од Владата


 Владата во најбрз можен рок да излезе со решение за платите на вработените во АД Водостопанство, побара денеска АГРО Синдикатот при Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и најави дека ако тоа не се случи, од понеделник ќе бидат организирани протести.   Вработени на АД Водостопанство и претпладнево излегоа пред Дирекцијата во Скопје, како и пред […]

Изјава на премиерот Ковачевски и министерката Тренчевска (во живо)


Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, ќе присуствуваат и ќе се обратат на пуштање во употреба на новиот објект „Први стапки“ во состав на детската градинка ЈОУДГ „Орце Николов“.    

До недела сончево и потопло, од понеделник облачно со дожд и пониски температури


Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура, соопшти УХМР. Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и […]

Улицата „Ленинова“, од денеска, реновирана и проодна


Улицата „Ленинова“ го доби финалниот лик, модерно уредена со многу зеленило, велосипедски патеки и паркинзи за станарите. Општина Центар по неколку месечната реконструкција денеска и официјално ја промовира една од главните сообраќајници во општината. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека „Ленинова“ по реконструкцијата доби европски лик. „Во изминатиот период на „Ленинова“ се работеше […]

Судија од Кочани го направи ажурен судот во Берово: Како кубурат помалите судови?


Од Министерството за правда информираат дека Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите изврши надзор во четири основни судови во државата, Берово, Крушево, Кратово и  Куманово  при што ги констатираше следните состојби : -Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС  – Недоволен број на […]

Само во 3 отсто од настапите во Собрание пратениците покажале почитување кон друга партија


Институтот за демократија објави анализа за работата на пратениците во националното Собрание при што во распон од 1 до 10, им даде оценка за квалитетот на дебатата првите шест месеци од  5,5, што е влошување од претходното полугодие кога оценката беше 5,7.  Извештајот за овој период покажува ниско ниво на квалитет на дебата и го […]

ЦУК: Вчера изгаснати 19 пожари на отворено, активни нема


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 19 пожари на отворен простор и сите се изгаснати. Активни пожари од вчерашните во државата, нема. -Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево, Горно Блаце, горела нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Јаболци во Сопиште, патот од Василево кон Пиперево, Сушево во Штип, Подареш […]

ЦУП: „Балансерот“ е контрапродуктивен, треба да се реформира


Мерките за обезбедување соодветна и правична застапеност во јавниот сектор веќе се контрапродуктивни, така што дејствуваат спротивно на принципот на заслуги – се вели во четвртиот детален извештај од следењето на соодветната и правична застапеност во институциите од јавниот сектор, спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП). Наодите и заклучоците од извештајот се во […]

Пратениците се враќаат на работа


Пратениците денеска продолжуваат со работа. Нивниот одмор кој официјално почна после Илинден беше ставен „на пауза“ само еден ден и тоа на 18 август за седницата за потребите за уставни измени. Претседателот на Собранието Талат Џафери по оваа седница која заврши за неколку часа, продолжи да оди во својата кацеларија и да ги извршува обврските.  […]

Без струја делови од Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати денеска без електрична енергија ќе останат објектите во околината на Фабриката Комуна во Општина Гази Баба, корисниците од дел од ТЦ Лептокарија, поточно локалите во околината на продажниот салон на Македонски Телеком во Општина Карпош и […]

Сончево со умерена облачност, со услови за слаб дожд


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови од земјава ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 31 август 2023 година, 243-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 122 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 58 минути, а ќе зајде во 19 часот и 10 минути. Денов трае 13 часа и 11 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Средба на министерот Шаќири со учениците кои освоија бронзени медали на Меѓународната олимпијада по хемија


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ги прими учениците кои на 55. Меѓународна олимпијада по хемија освоија бронзени медали. -Браво Филип Бојаџиновски, Марио Ванчоски и Петар Мирчевски што ги донесовте освоените  бронзени медали во нашата земја. Задоволство ми е секогаш кога имам средба со успешни ученици, но уште посреќен сум кога нивните успеси ја […]