Претпладне сончево, попладне дожд во северозападните делови


Времето во Македонија во петокот претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 7. Утринските температури се движат во интервалот од 10 до 18, додека […]

Учениците се враќаат на настава, во оваа учебна година првпат ќе имаат и пролетен распуст


За над 200 илјади основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, првпат ќе заврши на 17-ти наместо на 10 јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024. Согласно Концепцијата за основно образование, која етапно се применува од 2020-та, во оваа учебна […]

Кампањата „Ние сме Европа“ во Струмица


Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, организирана од Секретаријатот за европски прашања, денеска во Струмица ќе се одржи отворена трибина „Македонски труд – Европска социјална политика”.  Настанот е дел од информативниот караван организиран од СЕП, под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите […]

Делови од Центар и Водно денеска без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Илинден“, на потегот од Влада до Градски парк и објектите во рамки на Градскиот стадион.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-80 милиметри на улицата „8 Март“ број 7. Во истиот временски период […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 1 септември 2023 година, 244-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 121 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 59 минути, а ќе зајде во 19 часот и 8 минути. Денов трае 13 часа и 9 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Новинар на Сител нападнат од советничката за односи со јавност на Данела Арсовска


Новаинарот на Сител, Мартин Арсов, тврди дека денеска додека во живо известувал од седницата на Град Скопје бил физички нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје, која на оваа функција е од април, годинава. „Додека во живо известував за денешната седница, стоеше позади камерата и чекаше да слушне дали ќе […]

Арсовска на увид на реконструкција на водоводната мрежа во Бојане


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска извршија увид во отпочнувањето на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Бојане во општина Сарај.   Градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на постојната водоводна мрежа, која има чести дефекти заради дотраеноста, како и заради незадоволителен профил […]

Сè помалку се раѓаат бебиња, процентот намален за 9 отсто во споредба со лани [инфографик]


Природниот прираст во земјава и понатаму е негативен, а видно се намалува и бројот на живородени деца, говорат податоците на Државниот завод за статистика. Според денешните објавени податоци, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4.019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 отсто. Бројот […]

Кучиња за вдомување од „Лајка“ ќе дефилираат пред фудбалскиот натпревар Вардар – МЃП


ЈП „Лајка“ ве поканува на фудбалскиот натпревар ФК Вардар – ФК Македонија Ѓорче Петров, в сабота 02.09.2023 во 16 ч., каде сите оние кои сакаат да вдомат куче, ќе имаат можност да ги видат овие куќни миленици. Пред почетокот на фудбалскиот натпревар фудбалерите на ФК Вардар ќе продефилираат со кучињата од Јавното претпријатие „Лајка“, кои […]

Велес ќе добие атмосферска канализација


Преку проект на ЕУ централното подрачје на Велес по првпат ќе добие атмосферска канализација за отвод на атмосферските и дождовни води од високите реони на градот. Градоначалникот Марко Колев на денешната прес – конференција, одговарајќи на прашање на МИА нагласи дека со тоа ќе се реши повеќедеценискиот проблем со поплавување на централните градски улици по […]

(Видео) Голем пожар на границата со Грција, експлодираа четири гранати од Првата светска војна


Голем пожар избувна денеска околку на отворено на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, каде поминува линијата од фронтот од Првата светска војна и во којшто досега експлодираа најмалку четири гранати од Прва светска војна, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. -Денеска околу пладне изби голем пожар помеѓу Богданци и […]

Мостот „Љубљанска“ во Карпош ќе добие финална форма до крајот на годината


Мостот „Љубљанска“ во општина Карпош ќе добие финална форма до крајот на годината, беше нагласено денеска при увидот на градежните работи од премиерот Димитар Ковачевски, генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт и градоначалникот Стевчо Јакимовски. Премиерот Ковачевски рече дека Град Скопје треба да го заврши поврзувањето на мостот, од двете страни. На едната страна […]

ДИЖС им ги одзеде А-интегрираните еколошки дозволи од „ИГМ Џумајлија“ и „ДАБЛЈУ ЕКО“ од Желино


Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на својот официјален фејсбук профил објави дека се донесени решенија со кои на трговското друштво „ИГМ Џумајлија“ ДОО – село Сарамзалино, Лозово, како и на правниот субјект Друштво за собирање, складирање, управување и обработка на отпад, трговија и услуги „ДАБЛЈУ ЕКО“ ДООЕЛ – Скопје, Подружница Желино им се одземаат […]

Машиновозачите бараат повлекување на решенијата за суспензија на 12 колеги или отказни решенија за сите


 Машинскиот и извршниот персонал на Железници на РСМ Транспорт АД-Скопје повторно е во бојкот од 25.08.2023 поради неисплатен втор дел на плата и неисполнети барања, изјави денеска на прес-конференција претставникот на машинскиот и извршниот персонал, Тони Димовски. Тие освен редовна исплата на плата, бараат и покачување на коефициенти, изнајмување на две локомотиви од странство и […]

Ќе нема млеко поради војната во Украина


Премиерот Димитар Ковачевски најави нови економски мерки, пред сè во делот на маржите и разликата во цените, коментирајќи дека никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните. Премиерот навести дека се јавува криза со млекото. – Ќе има проблем кај млекото. Се јавува криза. Ќе имам утре состанок со министерот […]

Поради градежни активности мостот „Обединети нации“ делумно затворен за пешаци


ЈП „Улици и патишта“ – Скопје известува дека денеска на мостот „Обединети Нации“ на тротоарот се изведуваат градежни активности за санација на мостот и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Поради изведба на активностите во насока од Влае кон Карпош ќе биде затворена насоката за движење за пешаците до завршување на градежните активности. ЈП „Улици и […]

Решенија за ментори добија 46 наставници, во новата учебна година ќе има 800 образовни асистенти


Четириесет и шест наставници од основните училишта денеска добија решение за унапредување во звање ментор. Решенијата им ги врачи министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој истакна дека со новостекнатото звање тие стануваат поддршка и мотивација за останатите наставници во училиштата каде се вработени за подигнување на квалитетот на настава, а со тоа за […]

Мештаните од кумановско Агино Село нема да ги пуштат учениците на настава на 1 септември


Родителите на учениците од подрачното училиште „Кирил и Методиј“ од кумановското Агино Село, денеска најавија дека нема да ги пуштат децата на училиште во знак на револт, бидејќи училиштето не е реконструирано со децении. Љупчо Николовски, претставник на советот на родители од Агино село, во изјавата за МИА кажа дека е поднесено барање до Министерството […]

Ќе се надмине проблемот со платите во АД „Водостопанство“, долгорочно


Премиерот Димитар Ковачевски е убеден дека ќе се надмине проблемот со платите на вработените во АД „Водостопанство“. Како што изјави денеска, се работи на долгорочно решение за претпријатието, а целта е да се овозоможи негово постојано, рентабилно работење. Ќе мора, нагласи, да се направи реструктурирање за точно да се види кои делови носат приходи, а […]

Нов објект за 100 деца во рамки на градинката „Орце Николов“


За 100 дечиња е зголемен капацитетот на градинката „Орце Николов“, најстарата градинка во државата, која досега во нејзините објекти, згрижуваше околу 350 деца. Оваа градинка била отворена уште во 1945 година, под името „Први стапки”, во првиот скопски реон, како Јавна установа општинска детска градинка Орце Николов – Карпош во Скопје. Таа лани одблежа 77 […]