ЦУК: Вчера имаше 26 пожари на отворен простор, активни се уште три


Илустрација (Фото: Б. Богдановска)

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите од неговиот Сектор за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 26.

-Од нив, активни се уште три, во: Општина Македонси Брод, с.Белица под Солунска Глава (каде што гори борова шума); Општина Чашка, меѓу с.Горно Јаболчиште и с.Горно Врановце (гори шума) и во Општина Штип, на планина Серта помеѓу Штип и Неготино (каде што гори нискостеблеста деградирана шума).

Другите 23 изгаснати пожари во последното деноноќие биле на целата територија на државата, во општините: – Општина Гази Баба, три пожари, кај с.Страчинци (ниска вегетација), населба „Идризово“ (ниска вегетација и ѓубриште) и кај Камник (ниска вегетација); – Општина Арачиново, три пожари, кај с.Орланци (ниска вегетација), с.Арачиново (ниска вегетација) и кај с.Орланци (нискостеблеста шума); – Општина Бутел, покрај ул.„Марко Крале“ (ѓубриште); – Општина Сарај, с.Копаница (ниска вегетација); – Општина Битола, с.Лопатица (ниска вегетација); – Општина Долнени, селата Долгаец, Стровија и Црнилиште (ниска вегетација и уредена шума); -Општина Прилеп, Место викано Заград (ниска вегетација); – Општина Велес, два пожара,кај с.Нежилово – месност „Изворите“ (букова шума) и на Градска депонија во Велес (депонија); – -Општина Струмица, с.Дабиље (ниска вегетација); – Општина Теарце, с.Беловиште (ниска вегетација); – Општина Куманово, три пожари, во пределот меѓу населба „Карпош“ и с.Никуњане (ниска вегетација), меѓу селата Шупљи Камен и Доброшане (ниска вегетација) и меѓу селата Љубодраг и Умин Дол (ниска вегетација); – Општина Липково, с.Матејче (ниска вегетација); – Општина Старо Нагоричане, два пожара, кај с.Никуњане (ниска вегетација) и кај с.Сув Ора (ниска вегетација и стрниште); – Општина Крива Паланка, с.Конопница (депонија).