На Клиниката за онкологија МВР презема активности во предистражна постапка


По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на Министерството за внатрешни работи се преземаат дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело, информираат од Јавното обвинителство, во однос на акцијата што се […]

Полицијата влезе во Клиниката за онкологија


На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција. Од Министерството за внатрешни работи за МИА ја потврдуваат акцијата, но не  откриваат детали. Најавуваат дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата. Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по […]

Во сезона на наводнување блокирана сметката на „Стрежево“: Апелација ја прифати жалбата на ЗК „Пелагонија“ на Цветан Пенделески


  Битола – Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола на бизнисменот Цветан Панделески, сепак успеа да ја блокира сметката на државното претпријатие Хидросистем „Стрежево“ – Битола за 26 милиони денари, неисплатена камата. Вака одлучил Апелацискиот суд во Битола на 21 август годинава, по жалбата на ЗК „Пелагонија“ откако претходно Основниот суд во Битола донесе решение да […]

Одземен училишен прибор и облека поделени во ООУ„Лирија“ во Горно и Долно Јаболчиште


Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу заедно со директорот на Државниот просветен инспекторат Хаљит Ферати денеска ги посетија учениците од Основното општинско училиште „Лирија“ во селото Горно и Долно Јаболчиште во општина Чашка и им доделија над 900 пакети со училишен прибор и облека. Во изјавата за МИА директорот на Агенцијата […]

На Бачев му исклучиле струја, тврди дека ЕВН му се одмаздува зошто сака да ја национализира


Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, тврди дека ЕВН незаконски им ја исклучиле струјата во партиското седиште. Бачев уверува дека партијата нема ниту една неплатена сметка кон ЕВН. „Според нашите сознанија, ние сме исклучени поради нашата партиска определба која постојано ја промовираме во јавноста дека доколку Единствена Македонија биде дел од народната власт после наредните избори, […]

Берово цел месец ќе биде без безбедна вода за пиење – ќе им се носи со цистерни


 Во Берово започнува имплементацијата на проектот реконструкција на филтер станица, кој е инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање. Поради градежните зафати кои треба да бидат реализирани, како што информираа од Општината во наредниот период, ќе се направи прекин на третманот на водата, со неможност да се достави безбедна вода за пиење, за […]

Во прилепските училишта 130-ина помалку првачиња


 Со 130-ина помалку првачиња почна учебната година во 10-те основни и петте средни училишта во Прилеп. Наместо 800, запишани се 664 првачиња. Објектите се подготвени, но празните столчиња го потврдуваат проблемот со иселувањето на населението. Освен тоа, во основните училишта нема учебници за трето и шестоодделенците. Најизразена ситуација е во најголемото основно училиште „Добре Јованоски“ […]

Штип од денеска има јавен градски превоз


Над 1.500 граѓани до пладне се возеа со градскиот линиски превоз во Штип кој почна да функционира од утринава. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски на денешната прес-конференција истакна дека интересот од страна на граѓаните голем, а за тоа зборува и сликата на терен. -Сите возила од утринава тргнаа на време, без никакви проблеми. Имаме […]

Спасовски: Командирот на полицијата во Ропотово е во притвор


Не само што ќе извршиме контроли, туку секој кој го прекршува законот ќе одговара кривично, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговорајќи на прашањето дали ќе се извршат поголеми контроли на полициски службеници кои користат оружје во приватни цели, како што беше случајот со командирот на полициското одделение Ропотово. Спасовски појасни дека командирот […]

Скинати столчиња, лепена столарија – Лога ја откри мизеријата на администрацијата од внатрешноста


Денеска, министерот за правда, кренар Лога, го посети подграчното одделение за правда, но она што го виде не му се допадна. Во два поста на социјалните мрежи тој потенцира дека денес, повеќе од кога и да е ни треба Европската унија. – Денеска го посетив подрачното одделение на Министерството за правда во Битола каде беше […]

Новата учебна година со 55 обновени училишта и вградени фотоволтаици


Марина Андева, претседателка на Комисија за образование на СДСМ, на првиот ден од учебната година оцени дека критиките што се случаат имаат само за цел да создадат  хаотична и безизлезна состојба на сметка на  учениците, место да им ослободат простор за мирна и плодна средина за учење.Наспроти тоа, таа соопшти дека  учениците и наставниците во […]

За викенд сончево, во понеделник пад на температурите, од вторник повторна стабилизација


За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и потопло преку денот. Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура. Од вторник […]

Шаќири: На 7 септември ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение


Во споредба со претходната учебна година, стартот на оваа е поуспешен, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири прашан за оценка за почетокот на учебната 2023/2024 година со оглед на доцнењето на учебниците за шесто одделение и нејаснотиите околу спојувањето неколку предмети во ова одделение. -Во период од една година успеавме во основното образование […]

Јавниот обвинител повторно бара „итни објаснувања“ за одлагањето рочишта


Јавниот обвинител на Македонија испрати писмено барање до Судскиот совет во кое итно бара детални информации за тоа во кои предмети судските рочишта биле одложувани повеќе пати заради отсутво на јавен обвинител, а во врска со информациите од 452-та седница на Судскиот совет, на која беше разгледан и усвоен извештај од работна посета на Основен […]

Од денеска до 30 септември продолжување на правото на ученичка стипендија


Од денеска до 30 септември трае рокот за доставување на документите до Министерството за образование и наука од корисниците кои во некоја од изминатите учебни години го оствариле правото на ученичка стипендија и ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување. Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2023/2024 година и […]

Основен граѓански суд Скопје доби осум нови судии


Основниот граѓански суд Скопје денеска доби осум нови судии. Судиите Кристијан Митревски, Симона Бубевска Муцунски, Лилјана Костојчиноска, Драган Петрушевски, Маја Катариниќ, Андреа Апостоловска Малиноска, Машкули Пајтин и Јованов Јордан, потпишаа свечени изјави во Судскиот совет. Свечена изјава претходно потпишаа седум судии во Основен кривичен суд Скопје. Остануваат уште изјавите на новоизбраните судии во Основните судови […]

УНИЦЕФ повикува на зголемени инвестиции за да се обезбеди квалитетно и инклузивно образование за секое дете


Правото на образование на детето го опфаќа правото на учење. Недостигот од квалитетно образование поставува значителни пречки на патот на децата во остварување на нивниот потенцијал во периодот на растење. Додека го славиме почетокот на новата учебна година, треба да внимаваме на предизвиците со кои се соочуваме и да ги удвоиме нашите напори да обезбедиме […]

Учебната година не започна за децата упатени во воспитно-поправен дом


Учебната година за децата во Воспитно-поправниот дом Волковија-Тетово не започна денеска, откако Владата на прашањето на МИА до каде е постапувањето по барањето на Народниот правобранител кој бара без одлагање да се преземат мерки со цел да се задолжи надлежното министерство и образовните институции, на заедничка средба да го разгледаат прашањето за образование во Воспитно-поправните […]

Автобусите во Скопје од утре ќе возат по зимски возен ред


Од Одделението за односи со јавност при ЈСП Скопје информираат дека од утре, согласно Одлуката за линиски превоз на патници во градот, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред. Возниот ред е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk.

Хуманитарен „Back to School“ настан за поддршка на Лео


На почетокот на новата учебна година и враќањето на дечињата во училишните клупи, Општина Аеродром во соработка со Капитол мол, повторно го организира традиционалниот „Back to School“ настан. Настанот кој освен забавен ќе има и хуманитарен карактер ќе се одржи на 3 септември (недела), на платото пред трговскиот центар „Капитол“ со почеток од 18 часот. […]